Skip to main content

Ребаланс без баланс

Предлог одлуката за изменување и дополнување на буџетот на Општина Охрид за 2019 год. ги разбранува страстите на советниците од ВМРО ДПМНЕ. Тие сметаат дека нема никаква оправданост за ваквиот ребаланс земајќи го во предвид фактот дека годинава општината имала најголем буџет до сега. Градоначалникот Константин Георгиески вели дека ваквите обвинувања се неосновани и спинувани. Ребалансот на буџетот се прави бидејќи општината има заостанати долгови кои мора да ги подмири кон правни и физички лица,а кои се направени од претходните локални власти.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Предлог одлуката за изменување и дополнување на буџетот на единицата на Локалната самоуправа- Охрид за 2019 год. Ги разбранува страстите на советниците од ВМРО ДПМНЕ. Тие сметаат дека нема никаква оправданост за ваквиот ребаланс земајќи го во предвид фактот дека годинава општината имала најголем буџет до сега. Тие реагираат бидејќи се кратат средства од многу програми како што се за образование, детска заштита, за развој на туризмот, за спорт, за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води, за водоснабдување, за да се пренаменат средствата за други основи. Кирил Пецаков- координаторот на советничка група на ВМРО ДПМНЕ, истакна дека само во образованието се намалуваат 11милиони денари, па освен замена на азбесните кровови нема да има никакви инвестиции како изградба на сали и сл. 5 200 000 се намалуваат и во делот на изградба на фекална канализација и сепарација на отпадни и атмосферски води. 3 и пол милиони денари се кратат и во програмата за спорт па нема да се гради повеќенаменското игралиште кое беше најавувано. 1 400 000 ден. се кратат и за чистење на речните корита.

Оваа Локлана самоуправа предводена од градоначалникот Константин Георгиески нема никаква идеа во која насока треба да се движи градот и кои се суштинските и основните потреби на граѓаните на Охрид. Ние наместо да одземмаме средства на пример за изградба на фекална канализација треба да изнајдеме додатни средства за да решиме поголем дел од барањата на граѓаните, рече Пецаков.

Градоначалникот Константин Георгиески вели дека ваквите обвинувања се неосновани и спинувани. Ребалансот на буџетот се прави бидејќи општината има заостанати долгови кои мора да ги подмири кон правни и физички лица,а кои се направени од претходните локални власти. Тој додава дека не може да се зборува за некакви развојни програмои кога имаме наталожени долгови. 4 милиони денари се предвидени за исплата на долгови према ЕВН со преземањето на водоводот во село Лакочереј кои беа заостанати години наназад. 4 260 000ден. ќе се наменат за исплата на субвециите према ВИЗЕР кои не се исплатени од 2016 год. Во делот на образование ќе имаме кратење на средствата но сепак летово со пари од буџетот ќе бидат сменети четири кровови на училиштата во Елшани, Пештани, „Христо Узунов“ и „Братство единство- Лескајца“ каде кровот е со азбесни табли, вели градоначалникот. Средствата за реконструкција на улици и патишта не се намалуваат и ќе бидат реализирани ветените проекти, додава тој. 28 милиони денари се предвидени за раздолжување на Општина Охрид.

Тука се тие ставки во кои станува збор за раздолжување на општина Охрид. И тука не станува никаков збор за фаворизирање или полнење на џебовите како што обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ, туку според спогодбите кои ги изгласа советот на општина Охрид и листата која е изготвена за раздолжувањето и тука нема никакво фаворизирање ниту јас знам кои се тие фирми кои според ранг листата ќе бидат раздолжени според тие спогодби додека во минатото спогодбите беа правени во четори очи, вели градоначалникот.

Ребалансот на буџетот беше изгласан од мнозинството во градскиот совет, без согласност на советниците од ВМРО ДПМНЕ