Skip to main content

Општина Струга ќе ги „чешла“ станоиздавачите од мал обем

Општина Струга, во соработка со МВР Струга, со цел подобрување на условите за престој на туристите и посетителите во текот на претстојната летна сезона 2019, во заедничка активност помеѓу овластениот инспектор за туризам на општината и претставник на МВР Струга, ќе вршат редовна контрола на правните и физичките субјекти, кои даваат услуги за сместување на гостите на територијата на Општина Струга.

 |   | 

Од локалната и МВР Струга велат дека безбедноста и сигурноста на туристите, посетителите и гостите од земјата и од странство, кои престојуваат и ја посетуваат Струга, е најголем приоритет. Струга мора и треба да биде атрактивна туристичка дестинација, која на туристите ќе им обезбеди чувство на сигурност и безбедност, а тоа пак значи пријатен престој и фактор за поголемо привлекување на постојните и потенцијалните туристи.

Имено, на територијата на Општина Струга функционира значителен број на даватели на услуги за сместување на туристи во куќи, соби и апартмани, кои се запишани и категоризирани во регистар што го води општината.

Од локалната од Струга велат дека прекршочните одредби за непочитување на законите определуваат високи казни (забрана за вршење на дејноста, глоба во износ од стотици до илјадници евра во денарска противредност), во зависност од нивото на прекршување на законските одредби.

Апелираат до сите физички лица кои имаат намера да даваат и даваат услуги за сместување на туристи, да се обратат до Одделението за туризам на Општина Струга, од каде можат да помогнат во постапките за категоризација. Целта на оваа активност е да се подобри впечатокот на граѓаните, како и на туристите и посетителите кои престојуваат во Струга, а Струга како туристичка дестинација да го добие своето место меѓу најатрактивните места во земјата и пошироко во регионот.