Skip to main content

Веќе се знае каде ќе се истоваруваат туристи, а каде ќе се паркираат автобусите со туристи во Охрид

Согласно донесената одлука на Советот на Општина Охрид за измена на режимот на сообраќај, автобусите симнувањето и качувањето на туристите, организираните групи, ќе го вршат на ул. Кузман Јосифоски Питу од почетокот па се до пресекот со ул. Партизанска Универзитет Апостол Павле, додека паркирањето на автобусите ќе биде единствено можно на паркинг просторот позади спортската сала “Билјанини Извори”.

 |   | 

Напоменуваме дека на секое друго место каде ќе биде затекнат паркиран автобус истиот од страна на полицијата ќе биде казнуван согласно законот за неправилно паркирање. Цената на паркинг за 12 часа ќе изнесува 300 денари, а од 12-24 часа 600 денари.