Skip to main content

Општина Охрид: Ваквото однесување е изолиран инцидент и нема да се повтори во иднина

Во врска со инцидентот на вчерашната седница на Советот на Општина Охрид, на кој поради физичко насилство беше прекината самата седница, денес од Локалната самоуправа, пристигна соопштение во кое се вели:

 |   | 

– Локалната самоуправа го осудува вчерашниот инцидент меѓу советниците и смета дека тоа не доликува на избрани претставници на граѓаните. Советници се гласот на граѓаните, а Советот највисок претставничи орган кој треба и мора да работи во интерес на граѓаните и решавање на нивните потреби. Сметаме дека ваквото однесување е изолиран инцидент и нема да се повтори во иднина и ги повикуваме советниците да се однесуваат во духот на демократијата и почитување на различните мислења“, се вели во соопштението од Општина Охрид.