Skip to main content

Размена на гастрономски искуства во Факултетот за туризам и угостителсво во Охрид

Професорите по гастрономија Жан Бларет и Кристоф Доверн, од школата за Гастрономија „Џес Де Форест“ од Лил – Франција,  во кујната на факултетот одржаа мастер клас професори, студенти и готвачи од повеќе хотели и ресторани од Охрид.

 |   | 

Професорите по гастрономија Жан Бларет и Кристоф Доверн, од школата за Гастрономија „Џес Де Форест“ од Лил – Франција, во кујната на факултетот одржаа мастер клас професори, студенти и готвачи од повеќе хотели и ресторани од Охрид.

Нов мастер час на врвни готвачи од Европа на Факултетот за туризам и угостителсво. Професорите по гастрономија Жан Бларет и Кристоф Доверн, од школата за Гастрономија „Џес Де Форест“ од Лил – Франција, пред пристуните подготвија, лосос, неколку предјадењаа и позната француска салата, прилагодена на охридското поднебје. Професорот Доверн истакна дека во гастрономијата не постои јазична бариера, дека сите ја сакаат добрата храна и сакаат нивните ученици да ја најдат вистинската насока. Доверн рече овие посети не ги прават само во својство на професори, туку од посетите се учи, се разменуваат искуства.

„Вчера на пример, ни беше подготвен крап, риба која обичено не би ме воодушевила, но беше толку добро подготвена, што треба од вас да научиме како се подготвува крапот. Така да мислам дека не треба само да ве учиме или да учиме од вас, треба да споделуваме. Пример, таа едноставна македонска салата која ја подготвувате е подготвена со толку добри намирници што мора да ја споделите со нас“ обасјни Кристоф Доверн – мастер готвач.

Двајцата врвни француски професори по гастрономија Жан Бларет и Кристоф Доверне, од школата за Гастрономија „Џес Де Форест“ од Лил – Франција, ја реализираа втората посета на оваа образовна установа во градов, разменија гастрономски искуства со студенти и готвачи од повеќе хотели и ресторани од Охрид.

„Ова е втора нивна посета на нашиот факултет врз основа на договорот кој го имавме со оваа висока школа за гасстрономија. Треба еднаш во годината да доаѓаат нивни претставници, да подготвуваат јадења со нашите студенти, меѓутоа тоа е добра можност и за готвачите коишто работат во рестораните да дојдат и да ги следат овие мастеркласови и да видат на кој начин тие подготвуваат јадења, кои технологии ги користат се со цел да имаат повеќе информации за нивниот начин на работа“ вели Проф. д-р Цветко Андреески – декан ФТУ Охрид.

Андреески објасни дека ваквите случувања и предавања во голема мерка може да помогнат во подобрување на гастрономската понуда во угостителските објекти во градов од една страна, а од друга страна да го збогатат искуството и знаењата на учениците и студентите од средното угостителско училиште и факултетот.