Skip to main content

Превентивата е најдобра заштита од појава на пожари

Од ЈУНП „Галичица“ информираат дека на сила стапува забраната за палење на оган, фрлање на догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор.

 |   | 

Од ЈУНП „Галичица“ информираат дека на сила стапува забраната за палење на оган, фрлање на догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор.

Пресуден фактор за појава на пожарите на отворен простор е човечкиот фактор. Голем дел од пожарите се намерно предизвикани но и од невнимание. Тргнувајќи од овој факт и фактот дека превентивата е најдобра заштита од појава на пожарите.

Поради зголемена опасност од појава на пожар во летниот период како и според Закон за шуми, забрането е палење на оган, фрлање на догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор. Во границите на паркот постојат две излетнички места, м.в. Корита и м.в. Јадера каде е уредено и дозволење на палење оган односно правење скара. Чуварската служба на ЈУ Национален парк Галичица Охрид, против оние кои нема да ја почитуваат оваа препорака ќе превземе мерки согласно законот.

Истовремено потсетуваме декаа строго е забрането плање на стрништата, плевели и други одпадоци . Потсетување казната за ваква активност изнесува 6000-8000 евра за правни лица, а 1500 – 3000 евра за физичко лице.