Skip to main content

Новиот болнички блок во „Св. Еразмо“ ќе биде завршен до септември

После затекнатиот прекин на работите, министерот рече дека работите продолжуваат со засилен интензитет, а рокот за завршување на работите е крајот на летото, месец септември. Наскоро треба да започне постапката и за на болницата „Св. Еразмо“.

 |   | 

Според збровите на министерот за здравство Венко Филипче, специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, ќе го добие новото болничко крило до крајот на летото. Првиот човек за задравство ова го најави при неговиот неодамнешен работен престој во Струга. Филипче кажа дека на почетокот на 2018 година наследена е ситуација во која имало целосен застој на работите на новото крило на болницата, но после интензивните разговори со менаџментот на болницата и изведувачот работите продолжиле.

Филипче додаде дека во текот на градежните работи дошло до промена на планот, а се со цел пофункционално искористување на просторот од новото болничко крило. Тој не прецизираше за какви промени станува збор, освен дека забрзано се работи објектот да биде ставен во функција.

„За време на изведбата се изнудува потреба за некаква промена заради тоа што сакаме да обезбедиме пофункционален објект и тоа сега се прави. Рокот за завршување е крајот на летото, месец септември, а ние сега веќе во овој период планираме започнување на постапка за опремување не само на болницата „Св. Еразмо“, туку и за набавка на опрема за болницата во Струмица, за ургентниот центар во Тетово и за клиничкиот центар во Штип следната година“– изјави министерот Филипче.

Инаку изградбата на новите болнички простории во „Св. Еразмо“ беше проекто започнат од претходната влада, а тогашниот план беше таму да преселат дел од одделенијата на Центарот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид, на што пак се противеше лекарскиот тим од оваа здравствена организација. Сега за сега не се коментира тогашната одлука, па останува да видиме дали во спетември кога се најави дека новиот болнички блок ќе биде целосно ставен во функција, ќе бидат префрлени одделенијата и на Центарот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања – Охрид.