Skip to main content

Осуманестото издание на меѓународното натпреварување „Охридски бисери“ ги донесе врвните музички имиња во Охрид

Целта на натпреварот е да се откријат и стимулираат исклучително талентирани ученици и студенти, да се забележи нивото на напредок во музичкото образование и да им се овозможи на надарените ученици да станат професионални уметници.

 |   | 

Целта на натпреварот е да се откријат и стимулираат исклучително талентирани ученици и студенти, да се забележи нивото на напредок во музичкото образование и да им се овозможи на надарените ученици да станат професионални уметници. Во текот на петте натпреварувачки денови, во настапија осумдесетина учесници од Македонија и како и од земјите од регионов и Евроа. Годинава на програма се дисциплините дувачки инструменти и камерна музика во различни состави со дувачки инструменти.

Врвните имиња од светот на касличната музика, дел од жирито на осумнаесетиот меѓународен натпревар „Охридски бисери“. Во текот на петте дена најталентираните млади музичари од земјава и регионов, ќе се натпреваруваат во категоријата дувачки инструменти и камерна музика во различни состави. Андреј Иков кој е прва труба на „Бољшој театарот“ и професор на Московскиот Конзервариум, е дел од жирито на натпераварот. Иков истакна дека ваквите музички натпревари го стимулираат страственото музицирање. Додаде дека мастер часовите и семинарите кои се одржуваат за време на натпреварот, се важен и постојан дел од музичкото образование на младите музичари.

„Мислам дека зе мене ова е едно фантастично искуство, бидејќи јас не работам со деца. Јас сум професор на Московскиот Конзерваториум и се зачудив од бројот на младите таленти кои доаѓаат да се натпреваруваат на овој фестивал. Огромен е бројот на талентирани деца, иако музицирањето сега не е популарна професија, компјутерите спортот, тоа младите сега го избираат како идна професија. Но тука видов дека има деца кои музиката ја избрале за своја и наша иднина“ објасни Андреј Иков – прва труба на „Бољшој театарот“ и професор на Московскиот Конзервариум.

Меѓународното натпреварување на млади музичари “ОХРИДСКИ БИСЕРИ” се одржува на годишно ниво од 2002 година За многу млади луѓе, ова е прво искуство на сцена и пред публика, свирење во ансамбли или надминување на традиционалниот школски репертоар. Секоја година, голем број на млади музичари учествуваат на натпреварот.

Морам да ви кажам дека од сите натпреварувања на кои сум учествувал и како натпреварувач и како член на жири, ова натпреварување ми остави најдобар впечаток. Причина за тоа е што помеќу натпреварувачите и членовите на жирито е создадена една толку убава атмосфера. За мене највредно беше да се види дека натпреварувачите се дружат и цело време се заедно и не се случи ниту еден инцидент, во смисла оваа награда му е дадена на овој или онаа на некој друг, за ниту еден од натпреварувачите немаше дилема, кој што треба да добие“ рече Емир Нухановиќ – Член на жири „Охридски бисери“.

Целта на натпреварот е да се откријат и стимулираат исклучително талентирани ученици и студенти, да се забележи нивото на напредок во музичкото образование и да им се овозможи на надарените ученици да станат професионални уметници.

„Ние во изминатите години имавме добитници на гранд при наградата од Македонија кои сега се веќе музичари со кариера, една Катерина Баческа од Охирд која преку Италија сега во САД гради кариера, еден Климент Тодоросдки кој е сега концерт мајстор на Македонската опера, Софија Никовска, се се тоа музичари на кои Охридски бисери им е како одскочна даска за понатаму да се развиваат во едни квалитетни музичари“ потенцир Ѓорѓе Улишев – Претседател на натпреварот „Охридски Бисери“.

Улишев вели дека сите овие сега веќе познати музички уметници без разлика дали се од македонија или од другите земји, во нивната биографија стои дека почетоците им било токму овој натпревар. За сите учесници предвидени се признанија за учеството, а за најдобрите предвидени се вредни награди.