Skip to main content

Се стабилизира фондот на ПИОМ

Со пензиската реформа се стабилизира системот и постигната е заштеда од околу 4 милијарди денари во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

 |   | 

Со пензиската реформа се стабилизира системот и постигната е заштеда од околу 4 милијарди денари во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. За прв пат се исплатија пензии без да има позајмица, штопокажува дека пензискиот систем полека почнува да станува самоодржлив. Ова го истакна министерката за труд и социјална политика во Охрид на средбата на директорите од пензиските фондови и заводи од поранешна Југославија.

Просечната пензија во државава порасна од 13.754 денари во декември 2016 на 14.580 денари во март годинава. Пензиите редовно се исплаќаат и продолжуваат да растат. Со пензиската реформа Министерството за труд и социјална политика го стабилизира пензискиот систем. Имаме квалитетни пензии за сегашните пензионери и важно е дека идните пензионери кои денес инвестираат во фондот треба да се сигурни дека ќе ја дочекаат својата пензија, истакна ресорната министерка Мила Царовска на средбата на директорите од пензиските фондови и заводи од поранешна Југославија, Албанија и Австрија, која што се одржува во Охрид. Министерката истакна дека дупката во фондот континуирано се намалува.

„Од три милијарди која што беше во 2006, стигнавме до 17-18 милјарди денари, со тоа што сега одиме со -2,4 милјарди само оваа година, што значи дека за прв пат се исплатија пензии без да има позајмица, што е голема рабоа за нашата држава, кое покажува дека пензискиот систем полека почнува да станува самоодржлив. Сеуште имаме многу да работиме, бидејќи дупката која е создадена за 10 години за наредните 7 години требаше да создаде фискално цунами“ објасни Мила Царовска – Министер МТСП.

Пензиите растат. Во два наврати имаше нивно усогласување во 2017 и во 2018 година, истакна министерката. Со Закон е предвидено два пати во годината усогласување на пензиите и трето зголемување кое ќе се прави ако имаме економски раст над 4 проценти.

„Може да истакнеме дека оваа година ќе имаме дополнително усогласување што значи пораст на пензиите со последните позитивни реформски промени кои се случија, во соработка со МТСП на кое ние како ПИОСМ сме благодарни,а ко во предвид се земе мислењето на нашите експерти и доведено во позитивна насока“ потенцира Исни јакупи – Директор на ПИОСМ.

Министерката Царовска посочи дека препораката од меѓународните финансиски институции за зголемување на старосната граница за пензионирање не била имплементирана зата што имаме врботени кои доаѓаат од транзциски период и се истрошени и изморени. Но има флексибилност оние кои чувствуваат дека можат да бидат и над границата продуктивни можат да се пензиононираат и на 67 години со барање. А за прв пат во пензија со бенефициран стаж ќе одат рударите.