Skip to main content

Нема да се уриваат сите дивоградби во Охрид

Во тек е изработката на регистарот на дивоградби во охридскиот регион, според препораките на УНЕСКО. Надлежните велат дека нема да се уриваат сите дивоградби туку само оние за кои  стручната комисија ќе потврди дека  имаат штетно влијание врз животната средина или се до самото езеро. Научната фела смета дека одамна требаше да се делува превентивно, бидејќи  сега уривањето ќе чини многу пари.

 |  Соња Рилковска  | 

Нема да се уриваат сите дивоградби во Охрид, смируваат надлежните.   Во тек е изработката на регистарот на дивоградби , во кој се очекува да бидат впишани околу петстотини објекти.

Според насоките на УНЕСКО за секој дивоизграден објект поединечно ќе се прави оценка за влијание врз животната средина. Ќе се уриваат само оние објекти за кои, стручната комисија ќе потврди дека  имаат штетно влијание врз живтната средина или  се до самото езеро. Надлежните уверуваат дека ќе се постапува неселективвно и правично кон сите.

„Уште еднаш сакам да ги убедам сите охриѓани, не станува збор дека ќе се преземат активности за рушење на се што е дивоградба за жал. Се прави регистар на дивоградби посебно на територија на општина Охрид, посебно на територијата на националниот парк Гличица. Ќе видите дека во тие петстотини најмалку 400 не се проблематични. Значи постојни објекти, куќи кои псотоеле од порано во Велестово, но со урбанистичко планска документација не можеаа да се вклопат. Не смееме да ги доведеме луѓето во паника и да се плашат за сопствената иднина еве општината се ќе руши “, појаснува Антонио Гаврилоски.
Оние кои што се до педесет метри до брегот на езерото се претпоставува дека ќе се покаже дека имаат негативно влијание врз животната средина и веројатно ќе мора да се отстранат.  Научната фела смета дека одамна требаше да се делува превентивно, бидејќи  сега уривањето ќе чини многу пари.
„Атрактивните места во светот секојпат се под наплив на оние кои сакаат да прифитираат. И многу треба да се води грижа за тоа да не додје до девастција, меѓутоа ако дошло до девастација тоа да се сопре. Многу е тешко пост фестум да интервенирате најдобро е да се делува превнентивно. Кај нас се случи во подолг временски интервал ние да имаме дивоградби. Тие дивоградби се легализираа имаме зкаон за легализација и дадовме пироднес дозволивме да се и понатака гради нешто што не е соодветно за ваква уникатна средина каква што е охридската и струшката целина. Требаше превентивно да се делува но сега треба да делуваме да не дојде до понатаошни загрозувања“, вели професорот Науме Мариноски.

Несовесните кои градат до самиот брег или навлегуваат во езерото се под постојана  закана да бидат срушени од природата.

„Препорака е до оние кои градати сакаат да бидат што поблиску до езерото да им кажеме дека самите губат. Затоа што еден ден ако сетот тоа го изградиме ако сето тоа го девастираме ние не ке имаме што повеќе да понудиме значи капацитетите веќе се  максимално искористени во поглед на просторната релеватност која ја имаме на крајбрежието. Таквите градби претставуваат девастација затоа што природата ќе ги руши. Дури вие и не морате да интервенирате како држава самата природа ке ги уништи Не можете со природата да си играте со природата. “, смета Мариноски.
Петстотни диоградби има само во Националниот парк Галичица и  околу петстотини во Охрид, сите ќе бидат предмет на анализа. Поголемиот дел од нив  се очекува да останат, а дел ќе ги снајде истата судбина  уривање и расчистување на брегот,  како пред десетина години во Трпејца и Андон Дуков.