Skip to main content

Охрид годинава е домаќин на одбележувањето на 21ви јуни, Денот на Охридското Езеро

19 години Охрид, Струга и Поградец наизменично организираат прослава на овој датум. Годинава во фокусот e прашањето, колку навистина имаме причина за славење кога следниов месец  во Баку, на сесијата на Комитетот за светско наследство ќе се одлучува за статусот на Охридскиот регион, со предлог да се стави на листа на загрозено природно и културно наследство.

 |   | 

19 години Охрид, Струга и Поградец наизменично организираат прослава на овој датум. Годинава во фокусот e прашањето, колку навистина имаме причина за славење кога следниов месец во Баку, на сесијата на Комитетот за светско наследство ќе се одлучува за статусот на Охридскиот регион, со предлог да се стави на листа на загрозено природно и културно наследство. Градоначалникот на Охрид, Констанетин Георгиески е убеден дека тимот кој ќе патува во Баку , од кој дел е и тој самиот, има доволно аргументи да го одбрани статусот на Охрид. Тој вели дека интензивно се работи на решавање на најголемиот проблем за Охридското Езеро, нефункционалниот колекторски систем. Новото ЈП под државна капа „Колекторски систем“ веќе е формирано .

„Со ребалансот на буџетот на Владата кој најверојатно ќе следи на крајот на август ќе бидат доделени на тоа ново ЈП преку 200 мил денари , најверојатно околу 23о милиони денари по што ќе следи распишување на тендерите во месец септември и најверојатно во декември ќе пристапиме кон чистење на канализационите системи , поставување нови пумпи, пречистителни станици . Тоа е само почетна инвестиција во тоа ЈП, во иднина ќе има многу други“ кажа Константин Георгиески – Градоначалник на Охрид.

Проблемот со реката Сатеска се решава заедно со УНДП. Враќањето на Сатеска во старото корито ќе биде финализиран за време на мојот мандат, вели Георгиески. Што се однесува до притисокот на претераната урбанизација врз градот и крајбрежјето што беше нотирано во препораките од УНЕСКО, Георгиески информира дека она што биле обврски на локалната самоуправа во најголем дел се завршени.

Утрово имав состанок со работната група која работи на регистарот на дивоградби. Тој е завршен. Точна бројка не знам, тоа е голема бројка. Меѓутоа не се сите тие објекти во крајбрежјето и во заштитен појас. Во 600 дивоградби која ја имам спомнато има и урбана опрема, и гаражи но како бројка таа би била. Денеска започнавме со селекција на дивоградби кои се во крајбрежен појас и во НП Галичица кои ни се од сфера на интерес и мислам дека до рокот кој го утврдивме, среда , ќе го имаме финалниот број на дивоградби“ објасни Константин Георгиески – Градоначалник на Охрид.

Неговиот колега од Поградец , Едуард Капри вели дека властите во Албанија напорно работат и албанскиот дел од крајбрежјето на Охридското езеро да биде ставено на листата на УНЕСКО како природно наследство.

„Од сграна на Поградец се преземени активности за заштита на Охридското езеро, изграден е колекторскиот систем за заштита кој обезбедува механичка, биолошка и хемиска заштита на езерото, односно прочистување на отпадните води. Целата крајбрежна инфраструктура е изградена по највисоки стандарди. На брегот кој го менаџира општина Поградец нема ниту една дивоградба. Има привремени градби во летна сезона со дозвола за работа само од еден месец“ истакна Едуард Капри -Градоначалник на Поградец.

Градоначалн икот на Струга Рамиз Мерко не присуствуваше на денешната свеченост по повод Денот на езерото. На градското пристаниште, кај споменикот „Фаќач на крст“ се одржа културно-уметничка програма, со настап на најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“, мултиетнички сплет на учениците од ОУ „Братство Единство“, изложба на подводни фотографии од нуркачкиот центар „Акватек“, како и презентација на нуркачка, опрема за спасување на вода и планини на охридскиот Црвен крст.