Skip to main content

Охридските пензионери спортисти севкупни победници на 24-те регионални спортски натпревари во Струга

Викендов во Струга се одржаа 24-те Регионални спортски пензионерски натпревари од ју-гозападниот регион.На натпреварите учествуваа окоу 300 пензионери од ЗП Кичево,Охрид,Струга ,Дебар, Македонски Брод, Вевчани и Лабиништа,кои се натпреваруваа во 11 спортски дисциплини, во екипна и поединечна конкуренција.

 |   | 

Од името на домаќинот спортистите и гостите ги поздрави претседателот на пензионерите на Струга Мирко Трпоски, а за отворени натпреварите ги прогласи претседателот на Собранието на СЗПМ Илија Адамчески. Со пригодни зборови на спортистите им се обрати , и успех на натпреварите им посака членот на Советот на општината Охрид Марија Попоска.

И на овие 24-ти по ред спортски натпревари од четвртиот регион најдобри резултати постигнаа охридските пензионери.Тие станаа севкупен победник со 15 први места,второ е Кичево со четири и Струга со три први места.

Со оваа севкупна победа охридските пензионери спортисти се пласираа за Републичките натпревари кои ќе се одржат во почетокот на септември.На крајот од натпреварите на сите учесници им беа врачени Благодарници.