Skip to main content

Дали гломазна судска администрација значи ефикасно судство?

Во помалите судови во нашата земја , често се случува еден од вработените административни работници да ги работи работните обврски на три или четири работни места, што во голема мерка го оптоварува функционирањето на судовите од една страна, а од друга пак, го намалува и квалитетот на услугите кои странките треба да ги добијат.

 |   | 

Во помалите судови во нашата земја , често се случува еден од вработените административни работници да ги работи работните обврски на три или четири работни места, што во голема мерка го оптоварува функционирањето на судовите од една страна, а од друга пак, го намалува и квалитетот на услугите кои странките треба да ги добијат. Оваа година бројот на барани вработувања само во судската администрација не е мал, вели Борче Мирчески – претседател на Здружение на судска администрација.

„Па јас сега не можам да кажам точна бројка, со оглед на тоа што секој суд за себе си има посебна систематизација и таа бројка ние треба да ја провериме по систематизациите во судовите, меѓутоа претпоставувам дека таа бројка не е мала со оглед на Годишниот план за вработување кој ни пристигна, каде во моментов судовите бараат некаде околу 300 вработувања, само за администрација“ кажа Борче Мирчески – претседател на Здружение на судска администрација.

Македонија има тростепен судски систем, но со многу поголем број судови, судии и судска администрација од многу европски земји. Македонија со нешто над 2 милиони жители и тоа само на хартија, бидејќи реални проценки се дека во земјата не живеат повеќе од 1,4 до 1,6 милиони луѓе, има дури 34 судови со четири судски одделенија и околу 540 активни судии заклучно со крајот на 2017 година. Иако во последните три години постои многу блага тенденција на намалување на судиите, сепак, постоечката бројка е прилично над европските стандарди. Поголем судски апарт не значи нужно и негова поголема ефикасност, велат експертите.

„Конкретно ако мислите за Основниот суд Охрид како и за сите други судови задолжително имаме обврска да доставуваме план за вработување секоја година и го доставуваме, а потоа Судскиот буџетски совет е оној кој одлучува колку ние можеме да пополниме и тука имаме една разлика помеѓу нашите барања и во одлуките на Судскиот буџетски совет“ рече Борче Мирчески – претседател на Здружение на судска администрација.

Мирчески објаснува дека не ретко во комуникацијата со Судскиот буџетски совет, не се одобруваат работните места кои се наведени во нивните барања на годишно ниво, ниту се одобруваат работни места во баран број. Ефикасноста на македонските судови е проблем што се провлекува со децении наназад. Честото менување на законите, а со тоа и критериумите за оценување на ефикасноста, не остава простор за реална оценка на овој дел од судската работа. Статистичките податоци во последните пет години покажуваат намалување на разликата на примени и решени предмети, но, сепак бројката на стари предмети и натаму е голема. Инаку во два наврати во поновата македонска историја судската администрација го искажа своето незадоволство и презеде радикални чекори. Прв пат во 2001 та година кога судовите беа блокирани цели 80 дена и вториот во 2016, кога останаа затворени цело 60 дена. Постоеја најави и пред крајот на минатата година за нов штрајк, но тој не се случи.