Skip to main content

ЗАПОЧНА САНАЦИЈАТА НА ДЕЛ ОД ОХРИДСКОТО ПРИСТАНИШТЕ

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец“ започнаа со санациони активности на пристанишниот дел пред капетанијата. 

 |   | 

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец“ започнаа со санациони активности на пристанишниот дел пред капетанијата.

Со специјална механизација се вадат камените блокови од езерските води кои претрпеле оштетувања и откорнати се од шеталиштето заради големи бранови под налети на силен јужен ветар.

После оваа фаза, во соработка со Ј.П.„Градски гробишта„ ќе се продолжи со санирање на шеталиштето на овој потег.