Skip to main content

„Заштита на екосистемот во прекуграничниот регион Охрид-Преспа“ – баланс меѓу економскиот развој и заштитата на животната средина

Биосферниот резерват претставува нова форма на заштита на УНЕСКО, во која човекот е ставен во прв план, но тоа воопшто не значи дека заштитата на биосферата е второстепена, туку се работи на заштита на природните ресурси преку изнаоѓање баланс меѓу економскиот развој и заштитата на животната средина.

 |   | 

Преку развивање на одржлив менаџмент и изработка и имплемантација на акциони планови за менаџирање на еко системот на Охрид-Преспа биосферниот резерват, како и со анализа на моменталните еконмски трендови и разбирање на економските потреби на населението кое живее на просторот на резерватот, сосема е можно да се развива овој регион со зачувување на природната средина. Биосферниот резерват отвора врата преку која се воспоставуваат меѓусебните врски меѓу општините, каде во прв план избива економскиот развој, како преку брендирање разни производи од регионот, така и развој на туризмот со кои ќе се излезе на европскиот пазар. Проектот „Заштита на екосистемот во прекуграничниот регион Охрид-Преспа“, преку кој ќе се овозможи зачувување, развој и обновување на флората и фауната во ова подрачје, е финансиран од ИПА 2 програмата за проекугранична соработка на Европската Унија.

„Значи токму тоа и беше целта на оваа работилница, да се разговара со засегнатите страни, за да се развие овој бисферен резерват, преку давање на препораки за зачувување на екосистемот, но и за поттикнување на економски развој и проширување на дејноститe“ рече Аљбора Кацали – модератор на проектот „Заштита на екосистемот во прекуграничниот регион Охрид-Преспа“.

Инаку прекуграничниот биосферен резерват Охрид – Преспа ги опфаќа сливните подрачја на Охридското и Преспанското Езеро, со површина од 446.244 хектари, територија која припаѓа на албанскиот и македонскиот дел од сливното подрачје на двете езера. На територијата на резерватот живеат околу 450 илјади жители, во 26 единици на локална самоуправа на албанска и шест на македонската страна. Инаку во реализацијата на овој проект е вклучена и Ловечката Федерација на Македонија, и претставници на риболовните друштва од регионов.

„Секој развој на градот, на туризмот на индустријата мора да ги почлитува правилата на природата. Најдрастично што сега се прави е узурпацијата на крајбрежниот дел и на двете езера. Се градат ѕидови до самата вода со што се уништува делот каде се мрести рибата и голем дел од личинките на кленот и други риби кои се мрестат на самата лининија на брегот, се исчезнати од одредени делови на езерото“ кажа Димче Мајкоски – здружение на рекреативни риболовци, С.К. „Св. Апостол Петар“.

Инаку за целите на овој проект се изработени мобилни апликации, со кои ќе се мапираат најважните екосистемски услуги за нивна употреба во шумарството, туризмот, ловот и риболовот. Овие прилагодени и модуларни сетови на апликации обезбедуваат контролиран пристап на повеќе нивоа до податоците зачувани во Системот за просторни информации и планирање. Почнувајќи од мапирање на објекти и заштитени зони, за заштита на животната средина, промоција на областите и точки од интерес во туризмот, па се до апликации фокусирани на ловечки и роболовни активности и објекти во одредена област.