Skip to main content

Инспекторите кревааат столици и маси

Одделението за инспекциски надзор-Инспекторат при Општина Охрид заедно со службите на ЈП „Охридски комуналец” и СВР Охрид, започнаа координирана акција за отстранување на нелегално поставената урбана опрема пред угостителските објекти во Охрид. Нема веќе да има столици и маси и друга урбана опрема на места кои не се определени за тоа, а прекршителите на одредбата ќе бидат санкционирани.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Нема веќе да има столици и маси и друга урбана опрема на места кои не се определени за тоа. Одделението за инспекциски надзор-Инспекторат при Општина Охрид заедно со службите на ЈП „Охридски комуналец” и СВР Охрид, започнаа координирана акција за отстранување на нелегално поставената урбана опрема пред угостителските објекти.


Навистина ако сакаме да ставиме ред ова мора да се прави. Дури и некои од сопствениците на локали сами побараа да се спроведе одлуката за поставување урбана опрема и да важи за сите подеднакво. Нашите служби токму тоа го прават, ништо повеќе и ништо помалку, вели Томе Џамтоски- портпарол на Општина Охрид.


Акцијата се спроведува врз основа на реализираните инспекциски контроли, со кои биле утврдени локациите и угостителските објекти, каде има поставување на маси, столови и друга опрема, без одобрение и надвор од Програмата за поставуавање на урбана опрема. Вчера се подигаше урбана опрема на улицата Гоце Делчев или попозната како старата охридска чаршија.

Тие луѓе кои имаат дуќани таму, гостилници, кафетерии, беа известени навреме, беше направен записник во кој се укажа дека излегуваат надвор од оној предвиден простор за поставување урбана опрема и дури се изготвија решенија и се даде некаков рок сами да ги отстранат. Сопствениците не го испочитуваа сето тоа и на крај остана постапката ние да ги отстраниме, вели Џамтоски.
Во ваквата акција нема никаква тенденциозност, ниту позадина, тврди Џамтоски и додава дека тоа се редовни активности на општинските инспекциски служби. Ваквите акции и контроли ќе продолжат во континуитет и нема да се толерираат угостителските објекти, кои поставуваат урбана опрема на јавни површини. А, доколку некој објект и покрај предупредувањата и отстранувањето на урбаната опрема повторно поставува надвор од дозволената зона ќе биде казнет и ќе плати глоба која ќе ја одредат соодветните инспекциски служби.