Skip to main content

Oд понеделник ќе сe применува летниот сообраќаен режим

Технички проблеми со поставување на системот за видео надзор кај Горна Порта и црквата Каменско за влез во стариот дел од градот го пролонгирале првично планираниот термин за примена на целосниот летен сообраќаен режим кој треба да го намали сообраќајниот хаос во екот на туристичката сезона. Во моментов со измени се одвива сообраќајот само во централното градско подрачје.

 |  Валентина Неловска  | 

Целосна примена на летниот сообраќен режим во централното градско подрачје и во стар град ќе почне од 8 јули , информираат од одделението за улици и сообраќај при Локалната самоуправа. Технички проблеми при поствување на видео надзор на две од четирите рампи за влез во стар град го пролонгирале претходно најавуваниот рок за старт на летниот режим на сообраќај, посочува Зоран Шикалоски раководител на одделението за сообраќај. Проблеми се јавиле при поставување на системот за видео надзор кај Горна Порта и кај црквата Каменско, појаснува Шикалоски .

„ Се надеваме дека во тек на оваа недела ќе извршиме обиколка на терен и пробно пуштање на системот на рампите. Од понеделник официјално ќе стартува системот со пропуштање на возила кои ќе имаат картички за влез во стариот дел од градот“, најавува Шикалоски.


За обезбедување на рампите ќе бидат ангажирани лица од општината, а дополнително по потреба ќе се вклучува обезбедувањето кое се грижи за јавниот паркинг. Влезот на такси возилата во Стар дел ќе се одвива нормално преку ден , а нема да возат од 19 до 5 часот наутро кога ќе има целосна забрана за сообраќај на улиците Цар Самоил и Коста Абраш. Улицата Кеј Македонија ќе биде поделена за пешаци и за одвивање на еднонасочен сообраќај, кажува Шикалоски .

„ Кеј Македонија од кружниот тек до хотел Палас до пресекот со улицата Ванчо Николески ќе е затворена за сообраќај. Ќе има простор за пешаци и за велосипедски сообраќај.Од Јане Сандански до хотел Палас ќе се одвива еднонасочен сообраќај со паркирање од десната страна, а во насока на Ванчо Николески. Од Кеј Македонија до улицата Асном до хотел Гарден ќе има еднонасочен сообраќај кон хотел Гарден“, појаснува Шикалоски за новите измени кои веќе се применуваат со новиот летен сообраќаен режим.

Во тек е и реевидентирање на картичките за влез во стар град. Досега се пријавиле околу 500 граѓани, а мешовита Комисија од општината и Урбната заедница Стар град работа на спречување на злоупотреби на поседување картички со кои ќе може да се влезе во стар град. Картичките се издаваат по основ на 4 категории, на правни лица, станозидавачи, жители кои постојано живеат во тој дел од градот и граѓани кои имаат куќи, а не и постојано живеалише во Охрид.