Skip to main content

Сопствениците на пловни објекти ќе може закупат паркинг простор на каналот Студенчишта

Започна нумерирањето на местата за 137 пловила и 40 едрилици. Досега со каналот не стопанисуваше никој , а од ова лето со одлука на градскиот Совет со него ќе работи ЈП Билјанини извори.

 |  Валентина Неловска  | 

Локалната самоуправа ќе воведува ред при паркирањето на пловните објекти во Студенчишкиот канал. Со каналот, досега не стопанисуваше никој и сопствениците на пловилата ги врзуваа кајчињата, глисерите и бротчињата кој каде ќе стигне. Многу често имаше појава и на расправии за паркинг местата. Од ова лето Локалната самоуправа со одлука на градскиот Совет го отстапи каналот на стопанисување на ЈП Билјанини извори. Предлог има сопствениците на едрилици да бидат ослободени од плаќање на закупнина, а за останатите пловила да се плаќа закупнина за просторот на 6 месеци и една година, информира Гордана Јованоска, директор на ЈП Билјанини извори

„ Најефтино ќе е за кајчињата до 5,5 метри , 2.000 денари за 6 месеци, а 3.000 денари за една година. За кајчината со поголема должина, 4.000 денари за 6 месеци, а 6.000 денари за година. Најскапо ќе биде за сопствениците на бротчиња. До 12 метри ќе плаќаат 50.000 денари за 12 месеци и 25.000 денари за 6 месеци“, информира Јованоска.

Според регистрираните пловила во Капетанија ќе има доволно места за сите пловила, за 137 пловни објекти и 40 едрилици. Од ЈП веќе почнаа со поставување на броеви вдолж каналот покрај пешачката патека со кои ги означуваат паркинг местата. Со сопствениците е почнато и склучување на пред договори , а на следната седница на Совет ќе се изгласа висината на цената за закуп на паркинг местата во каналот.

„ Од мостот до влезот на Охридското езеро ќе е место за закотвување на едрилиците кои се украс на градот и се препознатливи за Охрид, за нив ќе е бесплатно.По должинат и кубикажатат на пловните објекти имаме предложен ценовник кој треба да помини  како предлог одлука на Совет и да наплаќаме. Но додека тоа не се спроведе правиме пред договори, на сите пловни објекти ќе им доделиме броеви  според шемата која ја направивме со Капетанија. Така ќе се знае кој пловни објекти со која должина на кое место ќе бидат поставени“, појаснува Јованоска.

Чуварска служба на ЈП ќе се грижи за редот во каналот , а за безбедноста на пловилата кои ќе закупат паркинг простор ќе има 24 часовен надзор. Сопствениците на пловила кои не ги регистрирале пловилата и ги чуваат во каналот ќе мора или да ги регистрираат во Капетанија или да ги отстранат од каналот. Според нашата евиденција има голем број на такви пловила, инфомира Гордана Јовансока директорт на ЈП Билјанини извори.