Skip to main content

Општина: Ул. Егејска ќе биде целосно реконструирана за 10 дена

Жителите на Егејска се жалат дека реконструкцијата на улицата се одолговлекува со месеци. Тротоарите се раскопани , граѓаните дижат прашина и се движат по коловозот на оваа прометна улица со што им е загрозена безбедноста.

 |   | 

Улицата Егејска, 4 месеци со раскопани тротоари од двете страни. Жителите од станбените згради на овој потег се жалат дека голтаат прашина а навечер поради лошото улично осветлување загрозена им е и безбедноста затоа што мора да се движат по коловозот на улицата. Велат дека не треба да се одоловлекува со месеци санација на улица која има должина од само 500 метри но е многу прометна.
Од локалната пак велат дека имало мал застој но дека на терен повторно се работи.


„Ако сега одите таму ќе забележите дека се работи. Имаше застој од технички причини, веројатно имаше потешкотии изведувачот. Но сега интензивно се работи и во наредните 10 дена целосно ќе биде завршена реконструкцијата. Мора да имате предвид дека ние предходно, односно ЈП Нискоградба мораше да постави нова  атмосферска канализација па требаше да се нивелираат 17 нови шахти и препоставуваам дека имаше мал застој во целата таа динамика но ве уверувам дека во наредните 10 ќе имаме целосно завршена реконструкција на улицата Егејска.“– изјави Томе Џамтоски,портпарол Локална Самоуправа.

Реконструкцијата на улицата Егејска од пресекот со 7ми Ноември до пресекот со Железничка е дел од годинешната програма на Фондот за комунален развој сообраќај и улици. Тендерот за изведување на работите го доби Ленди Груп ДООЕЛ Скопје а вредноста на целиот проект изнесува 5 милиони денари средства обезбедени од општинскиот буџет.

 „Ќе се постави нов асфалт. Во моментот се работи на рабниците за тротоарите. Од двете страни по цела должина ќе има уредени тротоари со  бекатон.“

Ќе биде поставена и соодветна хоризонтална и верикална сообраќајна сигнализација. А што се однесува до проблемите со уличното осветлување, од локалната ги упатуваат граѓаните било какви проблеми со сијаличните места да пријават до фирмата „ИСЦ-Системи“ која по пат на јавно приватно партнерство се грижи за јавното осветлување во градот.