Skip to main content

Триатлон викенд во Охрид

Претстојниов викенд во Охрид во знакот на триатлонот. 300 учесници од 20 земји ќе бидат дел од Европскиот јуниорски триатлон куп  и Националното првенство во триатлон. Организаторите Македонската триатлон федерација и Асоцијацијата Спорт за сите сите за спорт со поддршка на општина Охрид велат дека се е подготвено за одржување на натпреварите на едно високо ниво.

 |   | 

300 учесници од 20 земји ќе бидат дел од Европскиот јуниорски триатлон куп  и Националното првенство во триатлон, кои ќе се одржат во Охрид на 6ти и 7ми јули . Македонската триатлон федерација и Асоцијацијата Спорт за сите Сите за спорт по втор пат ја добија довербата од Европската триатлон унија за организација на  вакво натпреварување. Охрид е совршена дестинација не само за триатлон натпреварувања туку за многу спортски дисциплини во сезона но и  надвор од сезона за тренинг кампови и семинари, истакна денеска на прес конференција, технички делегат на Европската триатлон Унија, Људмила Медан.


„Европската триатлон Унија минатата година го препозна охридскиот триатлон како настан кој Македонската триатлон федерација ја изнесе како кандидат и освојувач на наградата за  национална федерација која најдобро се развивала во текот на изминатата година. Јас во оваа прилика и честитам на федерацијата, на општината, на организаторите од Асоцијацијата Спорт за сите, сите за спорт , бидејќи успеавте да оставите силен впечаток и квалитет не само кај натпреварувачите туку и во самиот систем на функционирање на европскиот триатлон.“– кажа  Медан.

Од македонската триатлон федерација се задоволни од интересот за учество на триатлон викендот во Охрид.

„До сега на националното првенство имаме околу 150 натпреварувачи . Прв пат ќе имаме најмасовен старт од 72ца натпреварувачи. Да искажам голема благодарност до Општина Охрид , СВР Охрид , Агенцијата за млади и спорт , Олимпискиот комитет кои ни помогнаа овој натпревар да го организираме на многу високо ниво и да донесеме натпреварувачи од Европа за кои веруваме дека во иднина ќе доаѓаат во уште поголем број. “ – изјави Иван Михајлоски – Претседател на Триатлон федерација на Мекедонија.


Во името на Општина Охрид и Градоначалникот, успешен спортски настан на организаторите и учесниците им посака Секретарот на општината, Игор Бежоски. Тој потенцира дека локалната ги препозна заложбите на организаторите и несебично го поддржува триатлонот.

„ Очекуваме овогодишното издание на триатлон викендот да донесе вистинско спортско доживување за сите учесници и ќе биде интересно искуство за сите љубители на спортот кои ќе бидат дел од публиката. Се надеваме дека овој настан ќе продолжи со уште поголем број учесници и ќе помогне за промоција на потенцијалите  на Охрид за развој на спортскиот туризам.“ – кажа Бежоски.


Иван Цветкоски од Асоцијацијата Спорт за сите сите за спорт побара разбирање од граѓаните и туристите за организацијата на триатлонот  да помине во најдобар ред.

„Ние за да помине се како што треба , во делот на техничката поддршка ќе имаме 60 волонтери , 30 лица технички персонал , два глисери  во едниот ќе биде делгатот на натпреварот а во другиот спасителна служба со прва помош. Ќе имаме 3 кајаци со професионални спасувачи на вода, дополнително ќе има 4 пунктови на Црвен крст на неколку локации. “ – кажа  Цветскоски.

Цветскоски објасни дека во недела ќе биде на сила посебен сообраќаен режим . Од кружниот тек кај СРЦ Билјанини Извори до кружниот тек кај Инекс Горица , правецотод Охрид кон Св Наум ќе биде затворен за сообраќај од 7:30 ч до 16:30ч. Во обратна насока , на истиот потег , ќе се одвива двонасочен сообраќај. На тој потег ќе се одвива велосипедската трка.  Трчањето ќе се одвива на рекреативната патека кај Студенчишко блато. Стартот на пливањето е во 8 часот на плажата Бафало.