Skip to main content

Недостасуваат спасители на вода во службата за безбедност на вода од ОО ЦК

Голем број од сертифицираните искусни спасители заминале од Охрид и работат во други земји од светот. Од службата сепак ветуваат безбедни капалишта на Охридскиот брег и покрај овој проблем и моменталната ситуација со стопанисувањето на плажите без договор за концесија.

 |  Валентина Неловска  | 

Со иселувањето на младите луѓе од Охрид и Струга се чуствува недостаток од спасители на вода во службата за безбедност. Некогаш оваа служба броела троцифрен број спасители сега се соочува со недостаток. Во моментов дваесет спасители на вода се обучуваат за да се вклучат во тимот кој ќе се грижи за безбедноста на охридските плажи ова лето. Од ОО ЦК која се овластени за обуките и издавањето на сертификати за спасители аларамираат дека продолжува трендот од минатата година, а ова лето ситуацијата е поизразена со недосток од спасители на вода. Во рамките на можностите ќе гледаме да го покриеме целото крајбрежје додава Сашо Точков претседател на ОО ЦК.

„ Сите капалишта околу 30- тина кои се евидентирани од Св. Наум до Радожда, во делот на Канео, Потпеш, Куба Либре, дел Градска плажа, Орце Николов, Метропол, Десарет, сите поголеми хотели и базени“, појаснува Точков.

Од службата, сепак ветуваат безбедни капалишта на Охридскито брег и покрај овој проблем , но и моменталната ситуација со стопанисување со плажите без договор за концесија. Постапката за издавање под концесија на најатрктивните плажи на крајбрежјето заглави во судки постапки и нема завршница па досегашните концесионери си работат на црно па се наметнува прашањето како ќе се обезбедат спасители на капалиштата. Од службата за спасители на вода велат дека оваа грижа и понатака ќе ја имаат спасителите на вода.

„ Ние не сме навлегувале во тоа да бараме дали е вистински концесионер дали има или не договор. Наше е да ја пружиме услугата која може да обезбеди капачите да се безбедни. Не знам кој е концесионер, но ние имаме наши спасители на дел од капалиштата. И годинава ќе излеземе во пресрет на оние кои сакаат да имаат безбедни капалишта. Не навлегуваме дали е легален концесионер. Нас ни е битно човечкиот живот да се заштити и капачите да се безбедни и тоа го правиме“, вели Точков.

Со интервенции на спасиителите околу 80 човечки животи биле спасени од давање на Охридското крајбржје минаат година.Н аохридксото крајбрежје триесетина капачи биле извлечени од езерските води, а на струшкиот дел над 40 капачи . Најбројни интервенции имало на струшкиот Аквапарк.