Skip to main content

„Дијамантско Лидерство“

Во Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ на 11 јули со почеток во 18 часот ќе биде претставена книгата „Дијамантско Лидерство“ од авторот Виктор Куновски.

 |   | 

Во Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ на 11 јули со почеток во 18 часот ќе биде претставена книгата „Дијамантско Лидерство“ од авторот Виктор Куновски.

Станува збор за дело кое ги открива седумте лидерски едукативни тајни за драматично зголемување на профитот и бизнис перформанси.

-Посветив неколку години во истражување, барајки одговор на прашањата – “како некои лидери, тимови и бизниси се далеку попродуктивни, поиновативни и попрофитабилни од останатите?”. – Како и ние да создадеме исклучителни бизниси и економија? Ги истражував најдобрите светски компании, работев на проекти со неколку фантастични консултантски куќи, студирав курсеви за најновите лидерски модели на најдобриот универзитет на планетава – МИТ од Бостон…Учејки и работејки со најдобрите, открив што прават поразлично.Ги открив нивните тајни формули и методологии за создавање на исклучителни резултати.Сето ова знаење и искуство го преточив во страниците на книгата „Дијамантско Лидерство“, вели Куновски.

Настанот, како што вели авторот, е отворен за охридско-струшката јавност.