Skip to main content

Георгиески: Охрид беше и продолжува да е светско културно и природно наследство

Охрид беше и продолжува да е светско културно и природно наследство, со овие зборови ја започна прес конференцијата Градоначалникот Георгиески по враќањето од Баку. Комитетот за светско наследство ги препозна заложбите владата и општината за исполнување на препораките на УНЕСКО. Градоначалникот порача дека процеост на спасување на Охрид ќе биде долг и побара соработка со сите општествени чинители и ја нагласи неопходноста од партнерство со граѓаните за одржливи решенија за заштита на градот.

 |   | 

Ревизијата на проектот за пругата кон Албанија и автопатот Струга Ќафасан, проект стар 20 год и чија реализација е напуштена,,напуштањето на проектот за експресниот правец Охрид Св Наум, формирање на ЈП Колекторски систем, елаборатот за отценка на влијание врз животната средина на Заливот на коските   кој покажал дека нема штетно влијание и бил прифатен од советофавните тела на УНЕСКО, со цел подобро управување со нивото на езерото компанијата ЕЛЕМ предвидела 240 илјади американски долари за систем на електронска регулација на водостојот, регулација на сообраќајот во стар град, регистарот на дивоградби , отстранувањето на палмите и билбордите од центарот на градот и решеноста на владата во рок од 6 месеци да се изработи планот за  управување со културното и природното наследство на регионот. Ова се аргументите кои ги изнесла македонската делегација во Баку за да добие одложување на одлуката Охридскиот регион да се стави на листата светско наследтво во опасност.


„Охрид беше и продолжува да е светско културно и природно наследство. Без исклучок на сите билатерални средби во Баку, беа поздравени заложбите на Владата на Република Северна Македонија и Општина Охрид. На сите состаноци преовладуваше исклучително позитивна атмосфера на доверба и разбирање за аргументите и фактите околу постапките на Владата и Општината по однос на препораките на реактивната мисија. “ – кажа Георгиески.

Првата реактивна мисија за охридско струшкиот регион била во 1998 , втората во 2013 и последната во 2017 година. Во сите три наврати биле нотирани забелешки и препораки до по кои од сите претходни влади без исклучок не било соодветно постапувано што резултира со денешната состојба и соочувањето на Охрид со можноста да биде ставен на листата загрозено наследство, кажа Георгиески.

„Eдногласен беше ставот на членките на Комитетот дека презентираните чекори, политичка волја и подготвеноста да се постапува по наодите на стручните тела на УНЕСКО, се значаен исчекор во однос на сите предходни влади, поради што се прифати амандманот на нашата делегација во февруари 2020-та да доставиме извештај за напредок по препораките, а на следната 44-та сесија, повторно да се разгледува целокупниот едногодишен напредок на властите во имплементација и отстранување на забелешките.“ – кажа Георгиески.

Градоначалникот порача дека процеост на спасување на Охрид ќе биде долг и дека во него општината е отворена  за соработка со сите политички и општествени чинители во градот, експертската јавност , граѓанскиот сектор и медиумите.  Но за да имаме одржливи решенија неопходно е партнерство со граѓаните на Охрид, кажа Градоначалникот.