Skip to main content

Ставен во функција новиот Центар за спасување на планина

Станува збор за објект кој во себе има простор соодветен за планирање и координирање на оперативните дејствија и е еден и единствен од ваков вид во земјава.

 |   | 

Во рамки на проектот „Регион Охридско Езеро безбедна дестинација за авантуристички туризам“,инаку еден од деветте проекти финансирани од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка со Албанија, денес во Охрид ставен е во функција новиот Центар за спасување на планина. За важноста на центарот зборуваше Министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

„Не е целта само да привлекуваме туристи треба да водиме сметка за нивната затита. За поздравување е што една од компомнентите на овој проект се отовора денеска тука, за оние кои идат тука за плаинарски туризам, ќе се обучуваат луѓе кои ќе може да помогнат на сите оние кои ќе сакаат да го посетат Охрид алтернативно. Втoрата компонента е отворање на центар за заштита на вода во Поградец“ кажа Горан Милевски – Министер локална самоуправа.

Охридскиот регион има навистина огромен потенцијал за развој на алтернативниот туризам, но тоа со себе носи и големи одговорности. Центарот за спасување на планина е проект кој е во служба токму на грижата за безбедноста на туристите кои ќе го посетат токмуовој регион како туристичка дестинација, регион кој го делат и Албанија и Северна Македонија, истакна евроамбасадорот Самуел Жбогар.

„Всушност проектите за прекугранична соработка треба да служат на интересите на двете земји и овој проект е модел проект во смисол што тука отовораме центар за планинско спасување кој нема да биде само за овој регион туку ќе им служи и на луѓето од албанскиот дел од Охридскиот регион , а во албанија се отвора спасителелн центар на вода кој ќе го користат луѓето од македонската страна така да 1+1 не е еднакво на 2 туку на 3“ додаде Самуел Жбогар – амбасадаор на ЕУ во Северна Македонија.

На отоворањето на центарот присуствуваше и Евроамбасадарот во република Албанија Луиџи Сорека, кој кажа дека овој проект е прекрасен пример за успешна прекугранична практична соработка.

„Центарот за спасување на планина е надополнет со центарот за спасување на вода кој се наоѓа од другата страна на езерото, и е доказ како двете страни може соработката да ја реализираат на практично ниво. безбедноста и сигурноста се многу важни предуслови за развој на одржлив туризам. Самите туристи ќе дојдат само во случај дококлу се свесни дека постои систем кој ќе им овозможи услови да уживаат во авантурите на безбеден начин“ посочи Луиџи Сорека -абмасадор на ЕУ во Република Албанија.

Градоначалникот на Општина охрид, Константин Георгиески се заблагодари на делегацијата на ЕУ за имплементацијата на овој прекрасен проект и доддаде дека огоромно е значењето на центарот во прuжање на квалитетна туристичка понуда од формите на алтернативен туризам, токму во поглед на безбедноста на туризмот. Се заблагодари на тимот на ОО на црвениот крст од Охрид кои го реализираа овој проект.

„Сакам да им честитам и и во насока на продолжување на овој проект во насока на имплементација на зимска спасителна служба која исто така е многу потребна во овој регион така да ги охриабрувам да продолжат со ентузијазмот и со напорната работа а ние како локална самоуправа ќе сме тука секогаш да ги поддржиме и промовираме овие нивни прекрасни активности“ рече Константин Георгиески – Градоначалник Општина Охрид.

Oбјектot во себе има простор соодветен за планирање и координирање на оперативните дејствија, и е еден и единствен од ваков вид во земјава. Проектот за меѓугранична соработка, за опремување на двата центри за спасување на вода и на планина, е заеднички успех на ОО ЦК од Охрид и Поградец.