Skip to main content

Извлечени украинските параглајдеристи

Спасители од службата за спасување на планина, припадници на единица за специјални задачи и хеликоптер на МВР учествуваа во акцијата за извлекување на двајцата украински параглајдеристи кои вчера попладне паднаа на падините на Галичица од албанска страна. 

 |   | 

Спасители од службата за спасување на планина, припадници на единица за специјални задачи и хеликоптер на МВР учествуваа во акцијата за извлекување на двајцата украински параглајдеристи кои вчера попладне паднаа на падините на Галичица од албанска страна.

30 годишна жена се здобила со посериозни повреди а 41 годишен маж поминал со полесни телесни повреди. И двајцата биле пренесени во болницата Св Еразмо. Антонио Додевски, раководител во Службата за спасување во планина при Црвен Крст, алпинист и инструктор за Водичи во Планина објаснува дека акцијата била особено тешка и поради конфигурациајта на терено но и поради билатерални пречки.

„Вчера дополнително беше комплициран случај бидејќи беше во високите зони на планината каде што најблиску со теренско возило можеше да се стигне на 5 часа пешачене до местото. Поради тоа беше потребна интервенција од хеликоптер . За среќа успеавме да го обезбедиме хеликоптерот од МВР и исто ни одзеде многу време обезбедувањето дозвола од албанска страна за наш воздухоплов да влезе во нивниот воздушен простор. Меѓутоа за среќа, за околу 5 часа повредената параглајдеристка беше транспотирана до соодветна здравствена установа“, изјави Антонио Додевски – раководител Служба за спасување во планина.

Центарот за спасување на планина кој од денеска и официјално започна да функционира во новите простории има за цел да служи за спасување на двете страни од границата. Во претстојниот период до крај на имплементација на проектот „Охридскиот регион безбедна дестинација за алтернативен туризам“ ќе бидат отпочнати процеси со двете министерства за внатрешни работи и царински управи на Македонија и Албанија за полесно и побрзо интервенирање во прекуграничниот регион, вели Додевски кој е проект менаџер.

„Денес после отворањето на центарот имаме панел дискусија на која учествуваат сите државни институции инволвирани во спасувањето и претставник од меѓународната комисија за алпско спасување кој ќе ги презентира и пренесе меѓународните стандарди на сите институции во државата и тука ќе ја отпочнеме дискусијата и координацијата како ќе се одвива во следниот период. Најверојатно ќе формираме и едно координативно теко кое ќе има за цел поедноставување на процедурите за да можеме полесно да интервенираме на албанска територија доколку тоа е потребно“ додаде Антонио Додевски – раководител Служба за спасување во планина.

Главното јадро на спасувачката екипа го сочинуваат15 алпинисти. Во процес на обука се 30 волонтери во логистички тим. Центарот располага со најсовремена опрема на Балканот но засега само за интервенции во летни услови.

„Она што можам официјално да го најавам , пред неколку дена ни стигна известување дека и вториот проект со кој што аплициравме веќе ни е одобрен од ЕУ. Со тој проект ќе се екипирами и со зимска опрема и специјализирани возила за интервенции во зимски услови. Така во следниов тригодишен период ќе имаме комплетно опремен центар којшто ќе одговори на сите предизвици во регионов“ кажа Антонио Додевски – раководител Служба за спасување во планина.

Инаку спасувањето на двајцата украински параглајдеристи е 6та по ред интервенција на спасителната служба за месец и пол. Од почетокот на јуни годинава спасителите извршиле евакуација на починато лице на планински терен и интервенирале при 4 залутувања во планина. Само за споредба, вкупни 6 интервенции имало за време на цела измината 2018та година.