Skip to main content

Обновена сцената на антички театар

Националната установа Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид во соработка со Националната установа „Охридско лето“ ја реконструира сцената на Античкиот театар. Градежните зафати ги извршија екипи на јавното локално претпријатие „Градски гробишта “ и технички лица вработени во Завод и Музеј – Охрид, кои неуморно работеаизминатиов период. 

 |   | 

Станува збор сцена со површина од 270 метри квадратни која поради дотраеност беше во исклучително лоша состојба. Градежните зафати ги извршија екипи на јавното локално претпријатие „Градски гробишта “ и технички лица вработени во Завод и Музеј – Охрид, кои неуморно работеа во текот на изминатите осум дена. Директорот на претпријатието „Градски гробишта“ , Ванчо Костоски вели дека сцената е комплетно реконструирана и сите настани што се закажани на Античкиот театар можат да започнат непречено.

В.д. директорката на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј -Охрид, Елеонора Новаковска потсетува дека претходно, оваа национална установа ги префарба платформите и пристапните скали до платформите на Античкиот театар, кои беа целосно реконструирани пред почетокот на минатогодишната сезона.

Според неа, за ваквите зафати врз културно-историските добра е особено важна соработката, не само помеѓу институциите од областа на културата, туку и со Локалната самоуправа која, како што вели, излегува во пресрет преку ангажирање на јавните локални претпријатија. Новата сцена на Античкиот театар, како што објаснува директорката на „Охридско лето“ Наташа Поповиќ ќе биде од исклучително значење за уметниците коишто настапуваат на овој археолошки локалитет, особено за отворањето на оваа најголема музичко-сценска манифестација во Македонија кое по традиција, секоја година, на 12 јули се одвива токму на Античкиот театар. Педесет и деветтото издание на фестивалот „Охридско лето“ свечено ќе биде отворено утре на Античкиот театар, со почеток во 21 часот.