Skip to main content

Годинава во Охрид за прв пат се организира алтернативно културно лето

За секоја недела во период од речиси два месеци, подготвена е разновидна и богата програма, во која се вклучуваат многу луѓе од урбаниот живот во Охрид, млади и креативни луѓе кои сликаат, фотографираат, танцуваат, глумат, играат и свират, кои се дел од таканаречената „КУЛТУРОЛОШКА ИНИЦИЈАТИВА 5 до 12“.

 |   | 

Започна „КУЛТУРОЛОШКА ИНИЦИЈАТИВА 5 до 12“. Во период од речиси два месеци, гостите од земјата и странство, како и охриѓани ќе имаат можност да уживаат во квалитетна културно уметничка програма, а и ќе видат какви млади и креативни луѓе има во овој град. Јован Цветкоски еден од организаторите на алтернативното културно лето, кажа дека целата идеја е да се подигне културната свест кај граѓаните со цел поголема интеракција со туристите кои престојуваат во шпицот на сезоната.

„Сакавме едноставно во шпицот на сезонава кога е полн градот во јули и август кога Охрид најмногу живее кога е полн со туристи од земјава и странство, да го презентираме тоа што младите креативни луѓе во Охрид, го знаат го можат го направиле во изминатата година , ќе го направат допрва, сакавме на сите тоа да им го покажаеме, и поради тоа имаме одбрно повеќе отворени локации за да биде достапно до сите“, вели Јован Цветкоски – организација „КУЛТУРОЛОШКА ИНИЦИЈАТИВА 5 до 12“.

Цветкоски објаснува дека селекцијата на избраните културни изведби и настани дошла сама по себе, од желбите и достигнувањата на младите луѓе. Во организација на НАТГ „Аматер“ и Супер радио, ова лето за прв пат ќе заживеат и неколку подзаборавени локации во градов кои несебично ќе бидат место за изведбите на младите охридски уметници.

„Една од најинтересните локации би ја издвоил, кога се договоравме и кога организиравме, старото пристаниште, што ние го островче,каде на 20 јули ќе има Sunset cocktail настан со коктел мајстор од „Скај Корнер“ , ќе има забава со коктели на зајдисонце и мислам ќе биде едно интересно доживување, п обновената патека кај „Билјанини извори“ со куќарките, каде ќе има на секоја по нешто кое ќе се одвива истовремено“ Јован Цветкоски – организација „КУЛТУРОЛОШКА ИНИЦИЈАТИВА 5 до 12“

После поетската вечер во чест на отворањето на алтернативното лето и акустичната свирка со „Кукузел“, „броз“ и „High4“, во кафе барот Shilla вечерва од 22:00 часот ќе се одржи жива свирка со Јован Куцин acoustic trio.