Skip to main content

Уметност на платно кое дише

Охридскиот тату уметник Маја Грашаровска добитник на две интернационални награди на неодамна одржаната тату конвенција во Скопје. Единствената преставничка од Охрид, со своето студио „Хаџи Тату“, освои прво место во категоријата Маори и второ место во категоријата големи бои.

 |   | 

Реализам, хиперреализам, надреализам, „Dots&lines”, „water color”, маори, тајбал, се само дел од стиловите на тетоважи кои ги изработува охридскиот тату уметник Маја Грашаровска. Таа со своето студио за тетоважи „Хаџи Тату“, на неодамна одржаната тату конвенција во Скопје освои две меѓународни награди. Во конкуренција од 50 тату уметници таа освои прва награда во категоријата Маори и втора вво категоријата големи бои. Покрај македонски tattoo артисти на конвенцијата учествуваа и артисти и студиjа од нашите соседни земји како и од Романија,Италија и Германија. Грашаровска вели дека покрај едукативниот карактер, ваквите меѓународни конвенции имаат и едукативен карактер.

„Може многу да се научи, секако доколку има некој подобар од вас на овие конвенции секогаш е добро да се посети и да се праша со какви бои работи со каква опрема работи, од каде ја набавува и слично. За жал кај нас во Македонија сеуште нема отворено продавница каде може да се набави таа опрема и најчесто ние кои се занимаваме со тетовирање се снабдуваме со опрема од соседните земји, Бугарија, Грција и слично. Опремата која ја користиме е за една употреба, се фрла после секое тетовирање, пред секое тетовирање клионтот може да ги види иглите се отвараат пред него“ објаснува Маја Грашаровска – „Хаџи Тату студио“.

Стерилна опрема и стерилен простор за работа, професионална опрема и бои, кои нудат сигурност и квалитет се императив во реализацијата на една квалитетна тетоважа, објаснува Грашаровска. Таа е тату артист седум години. Нејзиното семејство се занимава со оваа професија веќе две децении, а таа „занаетот“ го научила од најстариот брат. И вториот нејзин брат се занимава со тетовирање. нејизна најголема поддршка е нејзиниот сопруг. За охриѓани сеуште е пресудна цената на една тетоважа. Но клиенти има од речиси сите градови од западна Македонија. Доколку сакате трајна и квалитетна тетоважа, следете ги советите на својот тату артист, вели Маја.

„Тоа е најважно, значи ние ги нудиме најдобрите совети како да ја зачувате тетоважата. постојат два начини за нега на тетоважата, едниот е со нанесување на креми а другиот е ставање на специјална фолија која дише, заштитува и е водотпорна и заштитува од сите надоврешни влијанија. дел од клиентите не го знаат, друг делк не сакаат да вложат парични средства за да ја зачуваат меѓутоа сметам дека е најдобар начин на светско ниво“ вели Маја Грашаровска – „Хаџи Тату студио“.

Освен клиенти од градот и земјата, во нјзиното студио се тетовираат туристи од речиси сите континенти, кои тетоважите од Охрид ги носат насекаде во светот, што е и најдобра реклама.Грашаровска ги охридабрува сите кои сакаат да се тетовираат да направат нешто ново, да применуваат нови стилови и да тежнеат кон уникатни креации.Сака да се срушат предрасудите околу тетовирањето и да му се покаже на светот дека тату артистите не се престапници. Едноставно сакаат да ја негуваат оваа професија и да ја подигнат јавната свест дека тетовирањето е уметност, како и сите други, само што платното на кое сликаат овие уметници дише.