Skip to main content

Со претставата „Хадерсфилд“ Од Угљеша Шајтинец продолжува театарската програма на „Охридско лето“

Вечерва во центарот за култура „Григор Прличев“ во 21 часот, Загрепски младински театар, Хрватска ќе ја донесе претставата „Хадерсфилд“ Од Угљеша Шајтинец.

 |   | 

Вечерва во центарот за култура „Григор Прличев“ во 21 часот, Загрепски младински театар, Хрватска ќе ја донесе претставата „Хадерсфилд“ Од Угљеша Шајтинец.

„Хадерсфилд“ е мрачна, потресна и духовита приказана за една триесет годишна генерација, која ги доживува последиците од војната и не гледа пред себе никаква иднина. „Хадерсфилд“ постави темна, духовита и многу трогателна приказна за една генерација од триесет години, која на крајот од новиот милениум тешко ги остави зад себе последиците од војната, и пред себе не гледа никаква индикација за подобра иднина. Во такви околности, и во време на потполно распаѓање на морални и материјални вредности, дури и дождливото јоркширско предградие се чини како ветена земја. Токму од таму се враќа еден од ликовите во оваа претстава, а со своето враќање ги отвора никогаш нерешените прашања и трауми од времето за кое сите мислат дека е одамна заборавено.

Угљеша Шајтинец е роден во Зрењанин, во 1971 година и е еден од најзначајните современи српски драматурзи, добитник на голем број награди вклучувајќи ја и Европската награда за литература, како и Стеријина награда за „Хадерсфилд“ во 2005 година. Наведената театарска претстава, исто така, беше поставена во Југословенско драмско позориште (ЈДП) во Белград и со десетгодишното опстојување на репертоарот и гледаноста стекна култен статус, како и истоимениот филм кој беше повеќе пати наградуван.

Сценографијата е на Тања Лацко, Дорис Крстиќ е костимограф, додека во улогите се јавуваат: Рац-Дадо Чосиќ, Игор-Адријан Пездриќ, Иван-Матео Видек и Дамир Шабан.