Skip to main content

Црвен крст Охрид дел од кампањата за освежување на знаењата кај возачите за давање прва помош

Црвен крст Охрид ќе биде дел од кампањата за подигнување на јавната свест и освежување на знаењата кај возачите за давање прва помош.

 |   | 

Црвен крст Охрид ќе биде дел од кампањата за подигнување на јавната свест и освежување на знаењата кај возачите за давање прва помош.

– Црвен крст е организација која меѓу другото, работи и на унапредување и заштита на здравјето на граѓаните. Како една од многуте дејности кои ги покрива нашата организација, е и првата помош. Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Црвениот крст изведува настава за прва помош за кандидати за возачи на моторни возила. Црвениот крст активно ја следи состојбата поврзана со сообраќајните незгоди во државата.

Податоците на Министерството за внатрешни работи говорат дека главни причинители за сообраќајните незгоди, особено во летниот период, се вбројуваат: брзо возење, непочитување на правила за првенство на минување, недржење на страна и правец на движење, непрописно движење и свртување, мобилен телефон и управување под дејство на алкохол. Со цел да се подигне јавната свест за потребата од обезбедување на правилно укажување на прва помош во сообраќајот во случај на незгода, Црвен крст спроведува летна кампања за освежување на знаењата по прва помош кај постоечките возачи.

Планирано е да се одржат бесплатни освежителни курсеви по прва помош во 33 општински организации на Црвен крст со кои ќе бидат опфатени 8.000 возачи, информираат од Црвен крст Охрид.