Skip to main content

Стоилковски: Усеини отвора Дивоградба, а „Нефи ИК“ се пријавува да руши дивоградби!

Советникот од ДУИ Нефи Усеини изгради дивоградба на државно земјиште  во заштитено градско јадро и никој од општината не го сопре. Сега истиот тој дрско се пријави на тендерот за рушење дивоградби, обвинија денеска од ВМРО ДПМНЕ. Портпаролот Стоилковски се осврна и на носењето на Законот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион.

 |   | 

Зоран Заев и неговиот клан продолжуваат секојдневно да го понижуваат народот. Како што беше Заев осомничен за Поткуп, а Зоран судски реформатор, така советникот од ДУИ Усеини отвора Дивоградба, а „Нефи ИК“ се пријавува да руши дивоградби! – кажа денеска на пресконференција портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Заев најавува дека градењето на диво е сопрено, а негови градоначалници ги отвораат! (МЕРКО БЕШЕ И МИНИСТЕР НЕЛИ? Пред УНЕСКО предложија еден закон, пред пратениците во Собрание пратија друг! Тука градоначалникот прво вели немам капацитет за толку уривање, па се преброи на прсти! Толку од имплементацијата на препораките од УНЕСКО!
Најавија УРИВАЊЕ , а на тендерот им конкурира ФИРМА КОЈА ГРАДЕЛА НА ДИВО!“– кажа Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Откако почна да се  гради објектот на  советникот од ДУИ Нефи Усеини, во март годинава, никој воопшто не се ни обидел да ја спречи дивоградбата, само му е испратено решение од Општина Охрид за рок од десет дена сам да ги урне конструкцијата и платформата, обвини Стоилковски. Додаде дека објектот е изграден на државно земјиште и во заштитен УНЕСКО појас а  Рамиз Мерко, екс министер на Заев му го отвори. Сега Усеини конкурира тој да рушел дивоградби! Каква дрскост ! – кажа  Стоилковски. Се осврна и на процесот на носење на Законот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион.

„Владата вметнува одредби со кои новиот Совет треба да одлучува со Бадентер- што е спротивно на Уставот, а згора на тоа во Советот да членува и еден надворешен претставник на предлог на министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, што е класично политизирање на тема која треба експерти да ја уредуваат.“ – изјави Стоилковски.

Портпаролот заврши со зборовите : Вакво зафркавање со народ и со држава немало и ќе нема! Порача дека мора да се распишат избори и како што рече,  дивоградбата на власт мора да замине.