Skip to main content

Заев : Почитуваниот советник Нефи Усеини сам да си ги отстрани дивоградбите или државата ќе ги руши

Почитуваниот советник Нефи Усеини сам да си ги отстрани дивоградбите кои не можат да се легализираат, затоа што државата ќе ги руши, ова е дел од одговорот на премиерот заев на новинарско прашање на денешната прес конференција во владата. Премиерот кажа дека доколку локланта власт во Охрид не го спроведе законот ќе и бидат одземени ингеренциите. Градоначалникот Константин Георгиески, неодамна изјави дека очекува поддршка од државата и дека ќе ја добие за справување со дивоградбите.

 |   | 

Во случајот со дивоградбите на советникот од ДУИ во Охрид ќе покажеме , најпрвин локалната власт а за многу брзо време и извршната власт , што значи законот и владеењето на правото.  Ако советникот Нефи Усеини не ги тргне дивоградбите тоа ќе го стори државата, порача денеска на прес конференција во владата премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање.

„ Разговарав со градоначалникот на Охрид дека очекувам да се постапи согласно закон, ништо помалку и ништо повеќе, ни мускули ни сила. Ако не се постапи, најавувам одземање на надлежностите, како што сум му најавил на господинот Мерко. Ако не го спроведат законот, јасно е пропишано како се одземаат надлежностите и тогаш државата постапува. Законот мора да важи за сите. Апелирам до сите граѓани па и до почитуваниот советник Нефи, да си ги отстрани дивоградбите кои не можат да се легализираат, затоа што државата ќе ги тргне. Затоа што загрозен е Охрид со УНЕСКО, затоа што граѓаните реагираат, затоа што тоа е неправда“,- изјави премиерот.

Градоначалникот на Охрид пак, Константин Георгиески, по враќањето од Баку, каде присуствуваше на 43тата сесија на УНЕСО , кажа дека очекува поддршка од државата во справувањето со дивоградбите и дека е уверен дека ќе ја добие. Во залог не е само Охрид туку функционирањето на политичкиот систем во државата. Одговорноста е на сите, дециден беше градоначалникот Георгиески.

„Вие мислите дека општината е способна да се справи со овој проблем со еден градежен иснпектор и со тендер од 1,5 мил денари за отстранување на бесправно изградени објекти. Охрид не е само на охриѓани. Охрид е светско културно и природно наследство и државата треба да се погрижи за доведување во ред на состојбите кои се години наназад извадени од колосек. Очекувам помош од државата и ќе ја добијам“ – изјави Георгиески.

Според регистарот на дивоградби, на територијата на општина Охрид има 1076 дивоградби, од кои 409 во заштитените зони на националниот парк, на крајбрежјетото на Охридското Езеро и во старото градско јадро. Во моментов се врши евалуација на нивното влијание врз животната средина. Од нив, големи објекти кои треба да се рушат можат да се избројат на прстите на двете раце, изјави градоначалникот Георгиески.
Во февруари македонските власти треба да достават нов извештај до УНЕСКО за напредокот по однос на препораките а по една година , на следната сесија на Комитетот за светско наследство Охрид повторно ќе се најде на дневен ред и ќе се одлучува дали да се стави на листата на културно и природно богатство во опасност.