Skip to main content

Грданоски: За 3-4 дена ќе биде санирана состојбата со депонијата Буково

Пожарот на депонијата Буково е изгаснат. Но поради тлеењето на огромната количина комунален отпад се издига чад кој претставува најголем проблем за жителите на селото Крушје. Екипите на Охридски Комуналец работат без престан на покривање на депонијата со земја на деловите од каде што излегува чад.

 |   | 

Десет дена се крева чад над депонијата Буково покрај патот Охрид Ресен. Жители на околни села се жалат дека се шири неподнослива реа од запалениот комунален отпад. Револтирани се дека депонијата не се одржува а се сомневаат дека намерно се пали. Првиот човек на Охридски Комуналец, Љупчо Грданоски вели дека пред околу десет дена на депонијата се случил мал пожар кој за жал поради временските прилики, горештината и неповолниот ветар, за брзо време се проширил.


“Со брза интервенција како на противпожарната единициа од Охрид, исто и на целокупната механизација на ЈП „Охридски Комуналец“ која беше ставена во функција, најпрво го заштитвме шумскиот појас околу самата депонија, бидејќи постоеше ризик да се зафатит шумата и мислам дека првично спречивме една поголема катастрофа која можеше да ни се случи и како град и како држава“.– вели Љупчо Грданоски, директор на ЈП Охридски Комуналец.

Пожарот е изгаснат, вели Грданоски, но се работи за голема количина на отпад кој  сеуште тлее што го предизвикува чадот на кој најмногу  реагираат жителите на селото Крушје.

„Ние како јавно претпријатие секојденвно работиме со 5 возила од 18 м3 и во овој момент работиме на прокривање со земја на оној простор од кој излегува чад, бидејќи водата повеќе не врши работа и се надеваме дека со покривањето со земја проблемот ќе биде решен за скоро време“.- уверува Грданоски.

Екипите на Комуналец работат без престан на депонијата. Се работи за голема површина и потребни ќе бидат големи количини земја за затрупивање објаснува директорот Грданоски и се надева дека за 3 до 4 дена целиот проблем ќе биде саниран.