Голем број охридски занаетчии работат без занаетчиски дозволи
Со поседување на дозволите ќе се става крај на нелојалната конкуренција и сивата економија. Крајниот истекува на први ноември. Од комората велат се чека последниот момент иако имаа две години за да ја обезбедат.
Само 30- тина занаетчии и 2 -ца вршители на занаетчиски дејности трговци поединци во првбата половина од ова агодина ги озбебедиле задолжителните лиценци за работа. Голем е бројот на охридски занаетчии и вршители на занаетчиски дејности трговци поединци и Доели кои го чекаат последниот момент за да обезбедат занаетчки дозволи , информира Сашо Богоески , претседател на Регионална занаетчиска комора и потпретседател на Републичката комора. Во моментов во Регионалната комора има регистрирани 250 занаетчии, а 500 вршители на занаетчиски дејности. Тоа не ја одсликува реалната ситиуација во општината со давателите на занаетчиски услуги, вели Богоески.
„ Целта е да се сузбие сивата економија и нелојалната конкуренција. Државниот пазарен инспекторат е должен редовно да врши контрола. Без Зжзанаетчиска дозвола согасно Законот за вршење на занаетчиска дејност нема вршење на дејност“, вели Богоески.
Од комората велат слабиот интерес во Охрид се должи на тоа што сите го чекаат крајниот рок 1 ноември. Занаетчиите и вршителите на занаетчиски дејности трговци поединци и Доели имаа две години за да ја обезбедат занаетчиската дозвола. Богоески споредува каква е состојбата во занаетчиските комори во соседните општини.
„ Во Струга се подобри. Пазарната инспекција излезе на терен по што масовно занаетчиите и вршителите на занаетчиски дејности трговци поединци и Доели извадоа дозволи за работа. Состојбата е подобра во споредба со Охрид. Исто и во Битола и Прилеп,а во Охрид е најмал интересот. Државниот пазарен инспекторат нема направено контроли и да констатира кој поседува или не занаетчиска дозвола“, кажува Богоески.
За да се извади лиценца за работа занаетчиите и вршителите на занаетчиски дејности трговци поединци и Доели треба да извдојат околу 5200 денари. Во тоа се вклучува и издавањето решение за упис во Централен регистер.