Skip to main content

Во Слатино пуштена во употреба браната која беше реконструирана во рамки на програмата на ЕУ за санација на штети од поплави

Со 1,2 милиони евра ЕУ помогна да се намали потенцијалниот ризик од поплави и да се зголеми отпорот кон идните поплавувања. Таа ги поддржа и услугите за наводнување што браната ги обезбедува за локалното население.

 |   | 

Пуштена во употреба браната на Слатинско езеро во Општна Дебрца. Овој хидрографски објект е ренструиран, со средства од ЕУ и е во склоп на Програмата на Европската Унија за санација на штети од поплави. Зоран Ногачески – градоначалник Општина Дебрца, им се заблагодари на претсавниците на делегацијата на ЕУ, бидејќи оваа помош не само што ќе им помогне помогна на граѓани да ги надминат последиците од поплавите, туку овој хидрографски објект ќе го трансформираат и во потенцијална туристичка дестинација.

„Хидрографскиот објект Слатинско езеро е од витално значење за Општина Дебрца, бидејќи се работи за еден воден ресурс којшто има потенцијал во иднина да биде искористен како атрактивна туристичка дестинација. Во тие рамки во тек е изработка на урбанистички план од страна на општината, со кој се планира вметнување на неколку туристички содржини. Исдто така во наредниот период ќе започнеме со конкретни активности, преку Швајцарската агенција за развој обезбедени се средства за изградба на пешачка патека и внесување на неколку туристички содржини на Слатинското езеро“ рече Зоран Ногачески – градоначалник Општина Дебрца.

За целосно решавање на проблемот на овој хидрографски објект потребно е да се изврши и чистење на дото на акумулацијата, за да преку Мраморечката река езерото повторно го врати сјајот кој го имаше, а со тоа да се врати и населението околу него, додаде градоначалникот Ногачески. Евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар објасни дека помошта од ЕУ е наменета за приоритетните потреби нна општините и помогна да се реконструира транспортната и водната инфраструктура во најпогодените области, во согласност со принципот за одржливост „Повторно изгради подобро“.

„Како што кажа градоначалникот, ова беше една од браните што беше одбрана да се реконструира, беа потрошени 1,2 милиони евра и не е само реконструирана туку е изградена на подобра начин, како што е самото мото „Повторно изгради подобро“, за да бде оваа брана поотпорна на идните опасности коишто може да ни ги приреди природата“ истакна Самуел Жбогар Амбасадор на ЕУ во република Северна Македонија.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство,Трајан Димковски истакна дека со реконструкцијата постигната е структурна стабилност на браната и отпорност од надојдени води со што се намалува ризикот од поплави. Санацијата на објектот ќе овозоможи навремена достапнсот на водата за наводнување на земјоделските површини.

„Со програмата на УНДП беа опфатени две компоненти транспортна и водостопанска. Конкретно изградени и санирани се мостови, свлечишта и локални патишта. Со овдостопанската компонента беше опфатена санација на пет брани, МАвровица Св. Николе, Липа неготинско, на Дринска река кај Демир Капија, Слатинската и прилепската брана“ кажа Трајан Димковски – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Министерот Димковски објасни дека за да се обезбеди правилно функционирање на браната и да се зголеми контролата на поплавите софтверот за моделирање на оптимизиација е развиен и предаден на операторот на браната.