Skip to main content

Охридското езеро останува без концесионер

Од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство велат дека постапката за избор на концесионер ја спроведува комисија формирана од владата, составена од членови од повеќе министерства и истата се уште не е завршена. 

 |   | 

Охридското езеро останува без концесионер. Постапката за избор на концесионер која ја спроведува комисија формирана од владата, составена од членови од повеќе министертсва, сеуште не е завршена. Kомисијата ги евалуирала комплетните понуди и спровела електронска аукција по која доставила предлог за избор за понудувач кој понудил највисок концесиски надоместок. Но, поради направен наводен превид, веќе има поднесено жалба до второстепената комисија, која пак е надлежна да одлучи по истата, а потоа да даде насоки за натамошно постапување со донесување на решение.

„Се надевам дека со завршување на правните рокови за жалби, ќе видиме како ќе одлучи вотростепената комисија и така и ќе се постапи. Пред време не би можел да судам дали жалбата ќе биде усвоена или не. Така да во тој случај ќе почекаме“ посочи Димковски.

Инаку пред речиси еден месец од ресорното министерство не информираа дека фирмата „Летница – Белвица Милорад“ од Струга, на елекстронската аукција понудила највисок надомест за концесија за стопански риболов и највисок концесиски надомест од 100% од вредноста на издадените дозволи за рекреативен риболов. Екологистите и Здуженијата на риболовци , пак, сметаат дека одлагањето на изборот на концесионер во голема мерка го зголемило рибокрадството и го намали рибниот фонд посебно на ендемичната Охридска пастрмка. Министерот Димковски вели, дека концесинер на езерото е повеќе од потребен.

„Ако зборуваме генерално, дали е подобро езерото да има концесионер или без концесионер, сите ќе се сожиме дека езеро со концесионер е многу поповолна состојба пред се за рибниот фонд, државата се грижи токму за тоа бидејќи без стопан знаеме што се може да се случува. Се надеваме дека со давање под концесија ќе се отстрани рибократството во целост, контрола на ловот на риба и порибувањето кое исто така е еден битен сегмент“ рече министерот.

Димкоски потенцира дека не е добра идејата Министерството да го преземе стопанисувањето со езерото, туку за тоа да се задолжи правно лице или концесионер.Инаку пред повеќе од една година ја одзеде дозволата на предходниот концесионер поради неисполнување одредени законски обврски а тогашниот министер Љупчо Николовски уверуваше дека рибниот фонд, додека езерото е без концесионер, од рибокрадци успешно го штити државниот инспекторат за земјоделство.