Skip to main content

Aкцијата „Ретвитни оброк“ стартува од Охрид

Унијата на млади сили на ВМРОДПМНЕ, во чест на одбележувањето на Интернационалниот ден на младите ќе доделува оброци на бездомните лице. Станува збор за реализација на на акцијата „Ретвитни оброк“, која започнува токму од Охрид, а на која ќе се приклучат претставниците на Општинските комитети на ВМРО ДПМНЕ и од останатите градови.

 |   | 

Во пресрет Интернационалниот ден на млади, 12 август, Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ организира денови на млади кои ќе бидат исполнети со низа активности, денови во кои младите ќе може да се едуцираат, да ги надградат своите капацитети и да се забавуваат.

„Во таа насока во периодот од 9-11 август организираме летна школа на УНМС на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица во која ќе земат учество над 100 млади лица при што ќе ги изградат своите капацитети, ќе научат повеќе за дипломатијата за ЕУ и организирањето. Во таа насока ќе има и проекција на филм, а традиционално ќе биде организиран и марш на Беласица, во чест на петте струмички студенти убиени од комунистичкиот режим, а УНМС ќе се приклучи и на акцијата „Ретвитни оброк“, истакна Јован Јаулевски – Претседател Унија на млади сили ВМРО-ДПМНЕ.

Кон реализирањето на овие активности се приклучува и О.К. на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, преку доделување на неколку десетици оброци на бездомните лица, а планирано е истото да го направат и претставници на останатите општински комитети низ државава, истакна Јован Јаулевски – Претседател Унија на млади сили ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено на денот на 12 август ќе се организира и дебата пред спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје посветена на квалитетот на високото образование“, посочи Јован Јаулевски – Претседател Унија на млади сили ВМРО-ДПМНЕ.

Јаулевски кажа дека и оваа година одбележувањето на Интернационалниот ден на младите ќе остане во сенка на поразителните статиски за ислеувањето на младите од земјава и највисоката стапка на младинска невработеност во Европа, а се тоа фактот што нема поради ниту еден реализиран проект од страна на СДСМ посветен на младите, во изминативе три години.