Skip to main content

“ОХРИДСКИ БРАНОВИ 2008” најави пливачки викенд во Охрид

Утре во водите на Охридското езеро ќе се одржат третиот по ред Олимписки пливачки маратон на 10 км и за прв пат, Македонскиот куп во далечинско пливање. Ќе се натпреваруваат пливачи од Русија, Турција, Бугарија, Косово и Македонија.Пливачките настани  се во организација на  Клубот за спортови на вода “ОХРИДСКИ БРАНОВИ 2008” со поддршка на Националната пливачка федерација и Агенцијата за млади и спорт.

 |   | 

“ОХРИДСКИ БРАНОВИ 2008”  најавува спортски пливачки викенд во Охрид. Утре во водите на Охридското Езеро ќе се одржи третиот по ред Олимписки пливачки маратон на 10 км и за прв пат, Македонскиот куп во далечинско пливање на 2,5  и 5 км.

„ Во име на федерацијата можам да кажам дека Олимпискиот маратон на 10 км е влезен во календарот на федерацијата. Покрај тоа формиран е куп во далеченско пливање кој годинава се одржува втор пат , а за прв пат во Охрид, благодарение на  “ОХРИДСКИ БРАНОВИ 2008” со кој имаме одлична соработка и се надеваме ќе помине во одлични услови.“ – вели Александар Филипчев  – Директор на трка, Претседател на Пливачка федерација на РСМ.

Во водите на езерото ќе пливаат учесници од Русија, Турција, Бугарија, Косово и Македонија. За регуларноста на трките ќе се грижат 10 истакнати професори по спорт и физичка култура од Охрид. Пливачките настани  се во организација на  Клубот за спортови на вода “ОХРИДСКИ БРАНОВИ 2008” со поддршка на Националната пливачка федерација и Агенцијата за млади и спорт.

„Целта на овие купови во далечинско пливање е омасовување на спортот, зголемување на бројот на пливачи кои ќе настапуваат на отворени води со надеж дека еден ден ќе имаме пливачи кои достојно ќе ја претставуваат Македонија во светските купови на отворени води рамо до рамо со Евгениј Поп Ацев, Аце Илиески и другите пливачи од репрезентацијата . “ – кажа Филипчев.  

Маратонот ќе се одржи на потегот од старото пристаниште пред х Палас  до х Милениум а еден круг е со должина од 1 км , што значи секој пливач  ќе ја исплива патеката онолку пати колку што е потребно во неговата категорија. Предвидени се три старта, почнувајќи од 12 часот.