Skip to main content

Актуелните состојби во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ тема на денешната пресс конференција

Актуелните состојби во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ тема на денешната пресс конференција на општинската ВМРО ДПМНЕ.  Потенцираа дека за време на раководењето на СДСМ оваа установа стагнира, а театарски претстави има се помалку.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Актуелните состојби во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ тема на денешната пресс конференција на општинската ВМРО ДПМНЕ. Од таму потенцираа дека иако власта на СДСМ досега променила тројца директори, резултатите се катастрофални, за разлика од периодот кога со оваа установа раководел стручен и професионален кадар, кога биле одиграни преку сто театарски претстави за време од година и шест месеци, а сегашната бројка изнесува околу триесет за време од две години.

Наместо директорот Горан Симоновски преку соопштенија да ја известува јавноста за успехот дека ја претапацирале влезната врата граѓаните треба да знаат дали неговиот избор и поставување е со партиски пазарења и политички критериуми наместо професионални, рече Петкоска.

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ запрашаа каква е таа програма изготвена толку брзо за работење на институцијата, која во себе ги содржи програмските и развојните компоненти за работењето на самата Установа.

Зошто Народниот театар Охрид не гостува на релевантни домашни и меѓународни театарски фестивали како „Војдан Черднодрински“? Како може претседател на Управниот Одбор да биде Васко Паскали, актуелен директор на Јавната установа Национален парк „Галичица“? Тоа е спротивно на Законот за спречување корупција и судир на интереси и го повикуваме Државниот управен инспекторат тоа да го провери, рече Петкоска.

На крајот на прес конференцијата беше потенцирано дека ниту Централната власт со премиерот Заев, ниту Локалната со градоначалникот Георгиески не знаат да менаџираат со работите и оперативните политики од културата.