Skip to main content

Денес на тапет ЈП „Охридски Комуналец“

Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ и денес со обвинувања насочени кон локалната самоуправа и Јавните претпријатија во градов. Денес на тапет ЈП „Охридски Комуналец“.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ обвинуваат за недомаќинско и неодговорно работење на Локалната власт на СДСМ, трошењето народни пари аминувано од градоначалникот Константин Георгиески. Денешната прес конференција се однесуваше на ЈП „Охридски комуналец“ и директорот Љупчо Грданоски кој според нив неколкукратно ги зголемил расходите за репрезентација.

Дали директорот Грданоски чувствува одговорност каде и како ги троши парите на граѓаните? Со тие пари зарем немаше да се реши проблемот со стационарот и бездомните кучиња во градот? Го охрабруваме да им објасни на Охриѓани колку потрошил за угостителски услуги за 2018 година? Бројките зборуваат дека од 57 илјади денари во 2017 година, расходите за репрезентација се зголемиле на 230 илјади денари во 2018. Додека трошоците за репрезентација се зголемени за четирипати повеќе отколку во 2017 година, рече Јордан Пуроски од ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ прашуваат зошто се уште градоначалникот Георгиески нема побарано одговорност и не го разрешува директорот Грданоски.

Георгиески и Грданоски цела летна сезона не можат да се справат со запалената депонија Буково и за жал повторно одлагаат отпад на депонијата на Мауцкер. Охрид и Охриѓани не заслужуваат ваква неодговорна и неспособна Локална власт, рече Пуроски.

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ најавија дека и наредниве денови продолжуваат со прес конференции во кои ќе зборуваат за случувањата во јавните претпријатија во градов, како и во останатите институции кои се под капа на Локалната.