Skip to main content

УВАЖЕНА ЖАЛБАТА НА ОПШТИНА ДЕБРЦА ПРОТИВ РЕШЕНИЕТО ЗА ИЗГРАДБА РЕГИОНАЛНА ДЕПОНИЈА

Добиена првата битка во активностите што ги спроведува општината Дебарца против плановите за изградба на регионалната депонија за цврст отпад во атарот на селото Годивје.

 |   | 

Добиена првата битка во активностите што ги спроведува општината Дебарца против плановите за изградба на регионалната депонија за цврст отпад во атарот на селото Годивје. Општината добила позитивно решение по жалбата што општината ја поднесе против начинот на кој била донесена Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за оспоруваната локација кај Годивје.

Градоначалникот на општина Дебарца, Зоран Ногачески, информира дека е добиено позитивно решение по жалбата што општината ја поднесе против начинот на кој била донесена Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за оспоруваната локација кај Годивје.

„Една од многуте наши забелешки на Проектот: “Воспоставување на систем за интегрирано управување со отпад вo Југозападниот плански регион”, со кој се предлага Годивје како локација на регионалната постројка за отпад беше и таа дека Студијата за оцена на влијанието врз животната средина и другата потребна документација од страна на ресорното МЖСПП се донесени во нетранспарентна постапка, без да се земат во предвид мислењета на засегнатите страни и со непочитување на одредбите на Законот за животната средина. Во таа прилика, поттикнат од активистот на „Охрид Сос“, Трајче Талевски, поведов правна битка и го обжалив решението со кое министерот за животна средина и просторно планирање ја одобри Студијата“, изјави Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.

Градоначалникот Ногачески истакна дека добиен е одговор по жалбата од Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, жалбата се уважува, решението на МЖСПП се поништува и предметот се враќа на повторно разгледување и одлучување.

„Она што го тврдевме сега доби и правна потврда од надлежен државен орган“, додаде Ногачески.