Skip to main content

ВМРО ДПМНЕ од Охрид бара роверка на работната евиденција на сите вработени во НУЦК „Григор Прличев“

Од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид на денешната прес конференција истакнаа дека катастрофална е состојбата во програмското управување и менаџирањето со човековите ресурси и вработени во Националната установа центар за култура „Григор Прличев“.

 |   | 

„Културата и културните содржини во Охрид ниту со Константин Георгиески, ниту со Зоран Заев одат напред. Во НУЦК „Григор Прличев“ катастрофална е состојбата во програмското управување и менаџирањето со човековите ресурси и вработени во институцијата“, истакна на денешната прес конференција портпарот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид Перчо Божиновски. Го запрашаа директорот Горан Симоновски дали стручно управување значи да се дискредитира работната етика, професионалност и еднаквост кај вработените.

„Зошто во повеќето одделенија речиси половина од вработените не доаѓаат и не се повикуваат да се појавуваат секој ден на работа без никакво образложение од страна на раководството на установата? Од друга страна вработените во Одделението за техничка служба се организираат во работа на смени. Зошто на оваа категорија вработени огромен дел од своето работно време им се наложува да вршат други работи кои не кореспондираат со опусот на нивните работни задачи?“ запраша Перчо Божиновски – Портпарол ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Божиновски посочи дека ваквиот однос индицира на еклатантен облик за притисок врз вработените и покрај нивната континуирана професионална работна ангажираност при работниот процес. Редека дека од најголемата опозоциона партија ќе побараат од министерствата за Култура и Труд и социјална политика, проверка на работната евиденција на сите вработени во Установата.

„ВМРО-ДПМНЕ бара од Министерството за култура и Министерството за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд, подрачно одделение – Охрид да спроведат:Проверка на работната евиденција на сите вработени во Установата, Обезбедување еднаков третман согласно работните компетенции и задолженија на сите вработени во Установата, Заштита од несоодветни работни задолженија, спротивни на нивните работни квалификации и компетенции за време на работното време“, кажа Перчо Божиновски – Портпарол ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

На крај портпаролот Божиновски обвини дека за власта на СДСМ којашто ветуваше живот за сите, не важат приципите на солидарност, еднаквост и работна етика.