Skip to main content

ДВАЈЦА ЧЛЕНОВИ НА „ХВАРАНГ ИТФ“ КЛУБОТ ОД ОХРИД ПАТУВААТ НА СВЕТСКО ВО ПЛОВДИВ

Божидар Димитриевиќ и Давид Велковски, членови на Теквондо клубот „Хваранг ИТФ“ од Лескоец го исполнија и последниот критетиум за учество на Светското Таеквондо ИТФ првенство кое ќе се одржи во Пловдив –Бугарија, деновиве од 24-30 август.

 |   | 

Двајцата јуниори кои се докажани натпреварувачи на бројни меѓународни натпревари, кои после 7 годишен труд се изборија за критериум за учество на Светско првенство. Тие покрај бројните меѓународни медали освоени на бројни турнири,тие успешно положија и за црн појас И дан, кој беше последниот критетиум.

Двајцата се во врвна форма поради подготовките за Светсктот првенство, одлична демонстрација на целокупната техника, тест на снага(кршење штици), специјални техники(кршење штици во висина со атрактивни удари), самоодбрана , физичка спремност, форми(борба со замислен противник), спаринг(борби со опрема со полн контакт), теорија. Исто така двајцата ќе имаат уште еднаш испит пред светското првенство пред Гранд Мастер Ким Унг Чол црн појас ИЏ дан и пред другите Мастери од цел свет, ни изјавува Марјанчо Лазаревски црн поја В дан, претседател на Македонската ИТФ. Истотака Лазаревски вели дека е 100 % сигурен во нивната спремност за повторниот испит, и додава дека неговите натпреварувачи летото го поминале во спортската сала, припремајќи се за Светското првенство.

Благодарение на генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ” повторно имаме прилика да учествуваме на Светско првенство , и да дадеме се од себе да ја претставиме нашата држава во најубаво светло. Ова е прв натпревар од ваков калибар на двајцата наши натпреварувачи , а конкуренцијата кај двајцата е огромна. Давид Велковски се натпреварува во форми јуниори за црн појас И дан и борби -69 кг. јуниори 16-17 години, додека Божидар Димитриевиќ се натпреварува во форми јуниори за црн појас И дан и борби +70 кг. јуниори 14-15 години, на двајцата ќе им требаат по 5-6 победи за медал.