Skip to main content

Градежните активности околу спортската сала што се наоѓа во склоп на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се во завршна фаза

Денес, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, со директорот на средното училиште, Сашо Недески, извршија увид за текот на активностите.

 |   | 

Денес, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, со директорот на средното училиште, Сашо Недески, извршија увид за текот на активностите.

Привршуваат работите околу изградбата на спортската сала во Општинскиот електромашински училиштен центар „Св. Наум Охридски“. Најголемиот дел од активностите за изградба на салата, која се протега на 650 м2, се завршени, а во наредниот период следува финализирање на зафатите и опремување со сите потребни спортски реквизит.

Изградбата на салата е дел од проектот „Изградба на 145 спортски сали“ на Министерството за образование и наука, а во соработка со општина Охрид, по што после долги години ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ ќе добие спортска сала по стандарди.

Во рамки на проектот се врши замена на дотраената покривна конструкција и замена на старата дограма. Дополнително училиштето ги реновира дел од училниците, а таквата активност ќе продолжи и во понатамошниот период.