Skip to main content

Бурна седмица за Планинската Спасителна Служба

Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, во периодот од 12-ти до 18-ти Август 2019 година, имаше обемен ангажман, пружајќи помош каде е најпотребна и неколку интервенции, информација која уште еднаш ја истакнува неопходноста од нејзиното постоење.

 |   | 

Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, во периодот од 12-ти до 18-ти Август 2019 година, имаше обемен ангажман, пружајќи помош каде е најпотребна и неколку интервенции, информација која уште еднаш ја истакнува неопходноста од нејзиното постоење.

На 12 и 13 август, тричлена екипа од ПСС со теренско возило даваше активна поддршка во гасењето на шумскиот пожар во атарот на село Велмеј, каде покрај својата примарна улога за спасување во случај на несреќа, значително помогна во транспорт на храна и вода за екипите кои гасеа на терен, како и за обиколка и извидување на теренот со членови од штабот за управување со активностите за локализација на пожарот.

Дополнително, викендот на 17 и 18 Август, два тима од ПСС, на две различни локации вршеа обезбедување на планински настани на кои учество зедоа повеќе од 650 учесници. Првиот настан, кој беше во организација на Братството и Сестринството од Бигорскиот и Рајчичкиот манастир, а по повод празникот Св. Преображение . За време на настанот, беа регистрирани неколку помали интервенции и една посериозна, при која жена на педесетина годишна возраст, поради слабост и срцеви тегоби беше неопходно да се евакуира од планината и да се транспортира до најблиската здравствена установа во Ростуше, каде и беше укажана лекарска помош. На овој настан, значителна поддршка на тимот од Планинсската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, беа Водичите во планина и волонтерите од тимот за Прва помош при Црвен крст од Битола, чија поддршка имаше големо значење за ефикасно обезбедување на овој навистина масовен планински настан.

Вториот настан се одржа на планината Галичица ноќта на 17-ти Август, со наслов “Full Moon Experience” во организациа на Free Pass Ohrid, на кој учествуваа околу педесетина учесници, кои на полна месечина го искачија врвот Лако Сигној 1984мнв. Настанот помина без регистрирани интервенции од старна на ПСС.