Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: Сите граѓани на Охрид имаат подеднакво основно човеково право на вода

Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид денес со нови обвинувања за градоначалникот Константин Георгиески и директорот на МЈП Проаква, за снабдувањето и квалитетот на водата која ја пијат жителите во населбите кои гравитираат околу Општина Охрид.

 |   | 

Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид денес со нови обвинувања за градоначалникот Константин Георгиески и директорот на МЈП Проаква, за снабдувањето и квалитетот на водата која ја пијат жителите во населбите кои гравитираат околу Општина Охрид.

„Во 21 век недостигаат елементарни услови за живеење кои се клучни за животот и здравјето на луѓето. Градоначалникот Константин Георгиески и директорот на МЈП „Проаква“ – Р.Е. „Водовод“, Владимир Алексијоски кога ветуваа „Живот за сите“, не помислија ли дека сите граѓани на Охрид имаат подеднакво основно човеково право на вода, обвинија денес на прес конференција од ОК на ВМРО ДПМНЕ.

„Дали почитуван градоначалнику откако завршија изборите издвоивте барем половина час за да ги сослушате жителите од погорните куќи на селото Горно Лакочереј, кои молат за капка вода? Сте се сретнале ли барем еднаш со жителите на Велгошти, Видобишта од Стобекс спрема село Рамне за да Ви кажат дека во летниот период притисокот на водата им е речиси на нула?“, рече Лидија Петкоска – ВМРО-ДПМНЕ.

Лидија петкоска исто така со обвинување дека за градоначалникот и директорот на ова јавно претпријатие, поважни се состаноците од потребите и жедта на граѓаните.

„Ве загрижува ли песокот во водата што ја пијат жителите на улица „Мaкедонски просветители“ или матната вода којашто ја имаат во Долно Лакочереј? Нели имате бар трошка грижа на совест заради фактот што овие граѓани веќе и не очекуваат чиста и здрава вода, туку молат за каква-таква вода, за да можат нормално да функционираат? Дали воопшто директорот Алексијоски размислува да го реши проблемот со водоснабдувањето?“, ка Лидија Петкоска – ВМРО-ДПМНЕ.

За крај Петкоска посочи дека без елементарни услови за живот нема да можеме да ги задржиме младите во Охрид, а ниту ќе го развиеме туризмот.