Skip to main content

„Сино белите“ утре против „Влазрими“ од Кичево

„Сино белите“ утре против „Влазрими“ од Кичево ќе ги започнат натпреварите во Втората македонска фудбалска лига-запад. Нашите фудбалери имаа супер старт во Втората Македонска Фудбалска Лига, елиминирајќи Беласица на пенали во 1/16 финалето во Купот на Македонија.

 |   | 

„Сино белите“ утре ги започнуваат натпреварите во Втората македонска фудбалска лига-запад. За противник ќе ја имаат екипата на фудбалскиот клуб „Влазрими“ од Кичево, екипа составена од од искусни и квалитетни играчи, истакна капитенот на охридските фудбалери, Александар Бакулески. Тој додаде дека тимската хемија и поддршката од навивачите им даваат предност.

„Се работи за противник кој веќе играл во втората лига, не смееме никого да го потцениме, сите натпревари кои ќе ги играме во оваа лига за нас ќе се како финале, знаеме колку ќе биде тежок и опстанокот и се надеваме дека ќе направиме позитивни резултати во текот на целата сезона“ рече Александар Бакулески -капитен ФК „Охрид“.

Спортскиот директор Александар Мартиноски им се заблагодари на „Рибарите“ и публиката за поддршката на мечот со Беласица. Тој ги повика сите љубители на фудбалот да дојдат во што поголем број и да им дадат ветар во грб на фудбалерите.

„Сите сме свесни за успехот кој го направивме во 1/8 финалето од Купот на македонија, но немавме време да се израдуваме, моравме да останиме смирени бидејќи знаете колку за нас е битно првенството во Втората лига, влегуваме мирно со мирни глави, и гледајќи како се однесува екипата како прфесионално продолжува да работи, мислам дека повторно ќе ги израдуваме љубителите на спортот во Охрид.“ објасни Александар Мартиноски – спортски директор ФК „Охрид“.

Мaртиноски објасни дека грачите имаат некои ситни повреди, но мисли дека ќе стегнат заби и ќе одиграат нов херојски натпревар. Натпреварот се игра утре со почеток во 17 часот, на спортскиот центар „Биљанини извори“, а билетот чини 50 денари.