Skip to main content

Педалинките конечно ќе се стават во законска рамка

Во Охридското езеро има околу 150 педалини од кои дел се амортизирани.  Ќе  се бараат услови за издавање педалини, но ќе се  контролира и  нивната техничка исправност, најавуваат од Капетанија на пристаништа.

 |  Соња Рилковска  | 


Педалините  клучен проблем  и ова лето.  Десетици  интервенции од страна на спасителите за одвеани педалини од силни бранови. Повеќе инциденти од неисправни педилини,  но и бесни лудории во вода. Три момчиња од Гостивар  деновиве едвај спасијја жива глава кога педалина им потона триестина метри од брегот на езерото.
Од Капетанија на пристаништа  најавија дека и користењето на овие реквизити за забава конечно ќе се стави во законска рамка.  Ќе  се бараат услови аа издавање педалини, но ќе се  контролира и  нивната техничка исправност. Или ќе биде се` во ред или педалини ќе нема, дециден е капетанот Устијаноски.
„Недостасува нешто во свеста и менталитетот на оние кои ги издаваат педалините. Се покажа дека се бескруполозни , дека немаат жал за потенцијално одземен живот на оние што им ги издаваат педалините. Крајот на краиштата наместо да најдеме некоја помека мерка ќе бидеме принудени да преземаме ригидни мерки.Или ќе бидат заменети со други нови педалинки, или ќе направиме некоја мерка за апсолутно да не постојат, бидејќи се очајни. Се очајни “,  вели Горан Устијаноски капетан на Капетанија на пристаништа.
Истрошени, амортизирани, преексплоатирани, лепени поправани. Ваква е сликат на педалините кои се издаваат на Охридското езеро.
-„Тие се пластика, изгорени од сонце. Чукнати,  лепени и така натаму. Јас се прашувам од човечка гледна точка апсолутно каде е свеста да ја издадеш таа педалинка на малолетни деца. Меѓутоа кога тие немаат свест ние сме принудени да побараме мерка која за нив ќе биде ригидна.  Ние есенва ќе го доработиме законот во многу членови ќе бидат внесени измен. На голема мака сме да ја определиме таа мерка ќе биде сеопфатна,  ќе се лутат,  но тоа е,  деца за давење ние немаме“, додава Устијаноски.
Во Охридското езеро има околу 150 педалини на кои според законот засега задолжитено е да има само спасоносни елеци. Во новиот закон се предвидува издавачот да биде подготвен со технички средства за да помогне во случај педалинката да тоне, да има претовар или да залута многу далеку од брегот.