Skip to main content

Ќе се поставува ново спомен обележје за настраданите во бродската несреќа

Со положување цвеќе пред спомен обележјето на жртвите на кеј Македонија, денеска  беше одбележана десетгодишнината од бродската несреќа што се случи во Охридското Езеро, кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од Република Бугарија.

 |   | 

Денеска се навршуваат 10 години од кобното утро на 5ти септември 2009та година кога во Охридското Езеро потона бродот Илинден и во смрт однесе 15 туристи од Република Бугарија. Пред спомен обележјето на градскиот кеј, букети свежо цвеќе положија заменик градоначалникот Ристо Николески, амбасадорот на Република Бугарија во Република  Македонија Ангел Ангелов и генералниот конзул Димитар Иванов, претставници на Капетанијата на пристаништата, Здружението 5 септември, политички партии и здруженија на граѓани.

„Прво за нас на Балканот е важна модернизацијата, за членството во НАТО и ЕУ зошто модернизацијата ќе ни ги донесе и прописите и неопходната организација за безбедност во езерото и гледате колку се различни пловилата за период од 10 години. Второто нешто е што ова е дел од зедничката наша историја меѓу Македонија и Бугарија. За добро или лошо тоа е заеднички момент од нашата историја. ВАжно е да покажеме едно единство во справувањето со една трагедија.„ – изјави амбасадорот Ангелов.

На одбележувањето беше презентирана и скица од новиот споменик, кој се планира да биде поставен во сеќавање на настраданите бугарски државјани.  
„Општината има според програмата изадено јавен повик за личности и настани кои треба да се одбележат. Тој јавен повик е велезен во програмата која треба да биде изгласана на следната седница, од страна на советот на Општина Охрид, а подоцна да се формира и одбор или комисија која требад а ги утврди локациите на спомен обележјата. Што значи дека во најскоро време ќе имаме споменик.“ – Ристо Николески – Заменик Градоначалник на Општина Охрид

Оваа несереќа е црна точка во нашата наутичка историја, меѓутоа и насока за тоа каде треба да се движиме , што е се она што довело до таа несреќа да го анулираме во идниот период, кажа капетанот на Капетанија на пристаништа Горан Устијаноски.

„Бродовите се во одлична состојба, ние имаме ново изградени, реконструирани бродови, кои се подложни на најстрог надзор, од класивикациското друштво сега од „Биро веритас“ конкретно сега ќе видиме, но најважното нешто е што се промени свеста на сите оние кои учестуваат во водниот сообраќај. Тоа  е најважно, после бродската несреќа со „Илинден“ јас ви тврдам, дек ни еден од капетаните на бродовите не е ист.“ – изјави  Устијаноски.

Несреќата се случи на 5 септември 2009 година во 10:30 часот, кога  бродот „Илинден“  со 57 патници сообраќајќи на релација Охрид – Свети Наум, потона кај автокампот „Елешец“ на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото. Животот го загубија 15 граѓани од Бугарија од градовите Антон, Пирдоп, Златица, Мирково и Рибарица.