Skip to main content

Туристички водичи ги чистат од отпадоци рутите низ Охрид по кои што ги шетаат туристите

Странците се згрозени од ниското ниво на свест за јавна хигиена во едно рајско место како Охрид. Водичите го чистеа стар град за да не се срамат пред туристите а најавија поголема акција за идната недела кога ќе се обидат да влијаат на подигнување на еколошката свест и култура кај граѓаните. Комуналец не може да исчисти колку шпто ние можеме да изгнасиме, велат туристичките водичи и порачуваат дека проблемот со отпадоците се решава доколку секој да тргне од себе си и го подобри сопственото однесување.

 |   | 

Туристички водичи го чистеа од отпадоци Стар Град, на потегот Горна порта, Дебој, Антички театар, Св Софија до  пристаништето. Тоа е рутата која е класичен и неизоставен дел од секој разглед на Охрид кој го организираат за туристите. Поразителни се коментарите кои ги добиваме од туристите дека се згрозени од ниското ниво на свест за јавна хигиена во едно рајско место како Охрид, вели Горан Устијаноски, Kапетан на Капетанија на пристаништа и лиценциран туристички водич. Устијаноски кој е иницијатор на акцијата на туристичките водичи додава дека основната цел не им е критика кон јавното комунално претпријатие кое одлично си ја врши својата работа туку напротив, дека службите на градот или државата не можат да се справат сами без помош од граѓанството и подигнување на еколошката свест и култура во заедницата.


„Денеска ние ќе ја исчистиме само оваа рута која што е важна за туристите најчестата тура по стариот дел од градот меѓутоа проблемот е мултиплициран во секоја сфера, во планина, по улиците, и тн. Никој од нас не треба ништо посебно да направи освен тоа да по 10тина луѓе од 10тина куќи да си исчистат она што им е пред куќата во сокакот , улицата. Секој од нас треба да се откаже од едно пиење макијато. Еден час во кој пластичното лажиче за макијато од 5 см со гризење го прават 15 см и тоа време да го дадат на општествена работа односно да си го разубават просторот во својата улица. “ – порача Устијаноски.


Претседателот на здружението на туристички водичи „Кеј“, Климент Наумов проблемот го гледа во потфрлањето во воспитната улога на семејството, во подигањето на децата во граѓани свесни за јавната чистота и екологијата.
За тоа зборува фактот дека хигиената е на незавидно ниво околу самите училишта, додава Наумов и најавува уште поголема акција  со која ќе се обидат да влијаат на јавната свест.

„Наредниот четврток најавуваме уште поголема акција за подигање на јавната свест и се надевам дека и останатите наши колеги па и други институции , не само Здружение на туристички водичи , ќе излезат во пресрет на овој повик и во четврток ќе ни се придужат со еден симболичен гест да им ставиме до знаење на нашите граѓани дека треба малку повеќе да се работи пред се на домашно воспитување.„ – изјави Наумов.

Во четврток панирано е да се чисти на  на повеќе локации од кејот Македонија до студенчишта, Стар Град, одредени видиковци и локации по патот до Св Наум каде што запираат автомобили.